Градинарството како терапија… посебно во изолација!

Било да станува збор за пролетно пресадување на саксиското растение или за прошетка низ паркот, најдете начин да „почепкате“ по земјата

Време е да се фрлите на градинарство. Било да имате куќа со градина или, пак, одгледувате саксиско цвеќе на балконот, од оваа „занимација“ можете да имате повеќекратна помош.

Зајакнување на имунолошкиот систем Контактот со микроорганизмите во земјата го стимулира имунолошкиот систем да произведува повеќе леукоцити. Тоа значи дека ќе бидете поспособни да излезете накрај со настинките и со болестите.

Бенефит за срцето и за крвните садови Престојот на чист воздух е од непроценливо значење за срцето и за мозокот. Кислород им помага поефикасно да функционираат, па можеме да кажеме дека физичките работи на свеж воздух се одлична превенција од болестите на крвниот и на нервниот систем.

Релаксација и ослободување од стрес Негувањето билки е вистински начин да го оттргнете вниманието од секојдневните грижи и проблеми. Освен тоа, ако со часови работите во градината, природно е да се изморите, па потоа полесно и помирно ќе спиете.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.