Исповед: Семејство се заразило со омикрон-сој за Нова година – сите ги имале овие почетни симптоми!

Омикрон-сојот на коронавирус

Семејството на Гордана за Нова година се заразило со омикрон – прво се разболела ќерката, потоа Гордана, сопругот, па свекорот и сите го имале истиот прв симптом!

Заразените со омикрон-сој, најчесто, како симптоми ги наведуваат болката во грлото, гребењето во грлото, главоболката, затнатите синуси, ноќното потење, течењето слуз од носот и кивањето.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупредува и дека доколку забележите бледа, сива или синкава нијанса на кожата, усните или ноктите, треба да побарате лекарска помош, бидејќи тоа може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта.

Инаку, кај омикрон постои помала веројатност да го изгубите сетилото за мирис и вкус, а главоболката најчесто се наведува како првиот симптом.

Гордана Б. (49) раскажала како поминало нејзиното семејство откако сите членови се заразиле со коронавирус за Нова година. Како што вели, првиот симптом бил болка во грлото.

„Прва ќерката се врати од патување со болка во грлото. Мислевме дека е настинка, додека не качи температура. Потоа и мене почна да ме гребе грлото, па сопругот, а на крајот и свекорот. Тоа траеше два-три дена. Другите симптоми не ни беа исти. Мене најмногу ме зафати  млитавост и болка во долниот дел од грбот, а сопругот и ќерката синусите и главоболка“, вели Гордана чие семејство било позитивно на ПЦР тестовите.

Сите биле вакцинирани со две дози.

„Воопшто не би рекла дека ова се послаби симптоми. Сите лежевме неколку дена, а јас сè уште се чувствувам слабо“, додала таа.

Американскиот лекар доктор Хорхе Морено од Конектикат со своите колеги ги следел ковид-пациентите, и тоа оние заразени со варијантата омикрон. Сите ги имале истите почетни симптоми: суво, воспалено грло, болка при голтање.

„Тоа е многу нагласен симптом“, напоменал Хорхе Морено, доцент по медицина на „Јејл“, објаснувајќи дека тоа не е обично гребење во грлото, туку малку поостра болка.

И лекарите од Норвешка, Јужна Африка и Велика Британија, исто така, го навеле воспалението или гребењето на грлото како првиот препознатлив симптом на омикрон.

Податоците од апликацијата за ковид-симптоми, која на паметните телефони ја користат стотици илјади Британци, исто така сугерираат дека болката во грлото е најраниот симптом на омикрон.

Главниот истражувач на оваа платформа Тим Спектор рекол дека 57 отсто од луѓето со омикрон пријавиле воспаление на грлото.

Анализите од една божиќна забава во Норвешка открила дека 72 отсто од заболените на забавата пријавиле болки во грлото, кои траеле во просек околу три дена. Повеќето од заразените биле вакцинирани со две дози.

Прелиминарните истражувања што минатата недела ги објавил тим од американски научници откриле дека вирусното оптоварување предизвикано од омикрон го достигнува врвот во плунката еден до два дена пред да го достигне врвот во брисовите од нос, што може да објасни зошто додавањето брис од грло на брзиот тест во случај на омикрон би можело да ја зголеми неговата точност.

Предупредување! Помалку познати симптоми на омикрон-сојот кои се алармантни: Укажуваат на недостиг од кислород!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.