Стар рецепт за најмеките уштипци: Воопшто не впиваат масло!

Совршен појадок или вечера

Можат да бидат солен или сладок појадок, одлично одат со домашен чај од нане

Уштипците потсетуваат на зимско утро, на детство, на сладок и солен појадок, на дом и семејство… Поради тоа, нема човек што не сака да јаде уштипци.

Ви откриваме стар рецепт за овој совршен појадок или вечера, како и трик како да приготвите уштипци кои не впиваат масло.

Состојки:
  • 250 мл кисело млеко
  • 4 јајца
  • 12 лажици бело брашно
  • 10 г прашок за печиво
  • 2 дл масло
Приготвување:

Изматете ги јајцата оладени на собна температура и помешајте ги со кисело млеко. Добро измешајте ги, па постепено додавајте по лажица и пол брашно и прашок за печиво. Оставете ја смесата да стои околу десет минути, па промешајте.

Загрејте масло во длабок сад за печење или во тавче. Маслото мора да биде врело за уштипците да не впијат масло.

Вадете ги уштипците со лажица и пржете ги додека позлатат. Во садот не смее да има премногу уштипци за да не се снижи температурата на маслото.

Уштипци полнети со кашкавал: Вечера за целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.