Предупредување! Помалку познати симптоми на омикрон-сојот кои се алармантни: Укажуваат на недостиг од кислород!

Внимание!

Експертите предупредуваат на симптомите на омикрон-сојот кои се знак дека треба што побрзо да одите на лекар

Омикрон-сојот на коронавирус брзо се прошири низ светот, а според тоа што експертите досега го знаат, позаразен е од делта-сојот, но главно предизвикува поблага клиничка слика.

Уште едно нешто што го истакнуваат е тоа што оваа варијанта дава поинакви симптоми од сите претходни соеви, а сега издвоиле и помалку познати предупредувачки знаци, кои може да се појават на кожата, усните и ноктите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести предупредил дека бледата, сива или синкава боја на кожата, усните или ноктите, може да укажува на ниско ниво на кислород во крвта.

Експертите овие симптоми ги оцениле како „итен знак на предупредување“ и истакнале дека сите што ќе ги забележат овие знаци, треба веднаш да одат на лекар.

Покрај тоа, проблемите со дишење, упорната болка или притисок во градите, конфузијата, тешкотиите да се разбудите или да останете будни, исто така се знаци дека треба да одите на лекар.

Според она што го пријавувале заболените од омикрон преку апликацијата ZOE, издвоени се петте најчести симптоми на омикрон:

  • гребење во грлото
  • течење слуз од носот
  • кивање
  • благи болки во мускулите
  • умор
Научниците предупредуваат: Ова е новиот симптом на сојот омикрон – никогаш не би го поврзале со коронавирус!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.