Едита повторно провоцира: Кадрите пред огледалото се празник за очи! (ВИДЕО)

Знае како да го привлече вниманието...

Фото: Инстаграм

Познатата српска пејачка Едита Арадиновиќ неретко објавува провокативни фотографии на својот профил на Инстаграм.

Имено, таа сама објави снимка пред огледало во жешко издание, а бројните фанови ги остави без коментар.

Пејачката се соблекла во долна облека, а горе имала само кратка маичка, па во прв план се гледаат нејзините стомачни мускули. Таа цело време додека танцувала ја кревала нејзината коса, а тоа доста им се допадна на нејзините машки фанови.

По објавувањето на снимката фановите веднаш започнаа да пишуваат коментари на сметка на нејзиниот изглед.

„Ау, како изгледаш“, „Жено гориш, дали е реално колку си згодна“, „Едита откри ни ја тајната за таквиот изглед“ – биле само дел од коментарите.

Да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи се појави жешка снимка која таа ја објави, а она што беше интересно е што без да забележи во еден момент испадна нејзината града.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.