Еве како да ги излечите габичките на ноктите: Едноставно, брзо и ефектно!

Здравјето е најважно

Габичките на ноктите се многу честа појава, а ова е наједноставниот и најефикасниот лек за оваа инфекција

Освен што претставуваат заболување, габичките на ноктите се и естетски проблем, кој многу се забележува.

За да ги излечите габичките на ноктите во домашни услови, потребни ви се две компоненти што ги има секоја домашна аптека: хидроген и јод.

Прв чекор

Отстранете ги сите проблематични места на плочките на ноктите со помош на ножички. Кога ќе ги отстранувате погодените подрачја, обидете се да бидете внимателни за да не го повредите прстот. Како превенција, можете да ги исечете и здравите делови на ноктот околу зафатеното подрачје. Ако имате потемен дел на ноктот, тоа е погодена област и треба да ѝ обрнете посебно внимание. Правете го тоа внимателно, без брзање, претпазливо обработувајќи ја целата површина околу секој нокт.

Втор чекор

Земете погруба турпија за нокти. Темелно исчистете ја и истружете ја површината на плочките на ноктите.

Трет чекор

Земете туфер. Обилно навлажнете го со хидроген. Нанесете го туферот со хидроген на секој нокт, внимателно покривајќи ја целата негова површина. Издржете 10-15 секунди. Хидрогенот дејствува на габичната инфекција како оган, буквално ја гори габичката. Важно е да се обидете што помалку да го задржите хидрогенот на кожата за да одбегнете иритација и непријатност. Не ги покривајте ноктите со ништо, почекајте природно да се исушат и повторно нанесете слој хидроген на плочката на ноктите.

Четврти чекор

Земете фармацевтски јод и со помош на туфер нанесете јод на секој нокт. Повторно обидете се да ја покриете целата површина на плочките на ноктите. Спроведувајте ја постапката најмалку еднаш неделно.

Габичките на ноктите можат сериозно да го нарушат здравјето: Овие 3 домашни лекови успешно ја уништуваат инфекцијата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.