Неверојатен чоколаден десерт: Без јајца, маргарин и брашно!

Сочна чоколадна салама

Совршен за секоја пригода

Состојки:
  • 500 мл млеко
  • 100 г шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици какао во прав
  • 90 г црно чоколадо
  • 1 кесичка желатин или агар-агар
  • празен тетрапак од млеко
Приготвување:

Промешајте 400 мл млеко, 100 г шеќер и прстофат сол и ставете ги да се загреваат. Во меѓувреме, разредете го какаото во преостанатите 100 мл млеко, треба да се соедини, без грутки. Сипете го во загреаното млеко и мешајте. Додајте чоколадо скршено на коцки и мешајте додека се стопи.

Желатинот или агар-агарот растворете го во вода според упатствата на кесичката, додајте го во тенџерето и загревајте го додека зоврие и се згусне.

Врелата смеса сипете ја во празен и измиен тетрапак од млеко и ставете ја во фрижидер да се ладе барем 3 часа. Расечете го тетрапакот и по желба посипете го десертот со малку кокос. Пресечете го на парчиња, послужете го и уживајте!

Во следното видео можете да ја погледнете целата постапка…

Најбрзата бисквит-торта: Кога ве мрзи да правите десерт, пригответе го ова за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.