Габичките на ноктите можат сериозно да го нарушат здравјето: Овие 3 домашни лекови успешно ја уништуваат инфекцијата

Народна медицина

Луѓето што страдаат од кардиоваскуларни заболувања или од дијабетес, не смеат несериозно да ги сфатат габичките на ноктите

Габичките на ноктите, покрај тоа што се естетски, тие се сериозен проблем и опасност за целото тело. Габичките ја зафаќаат плочката на ноктите и на почеток се појавуваат како мали бели точки, кои со текот на времето се зголемуваат. Тогаш ноктите стануваат кршливи и почнуваат да се лупат, а кожата околу нив е воспалена.

Напредната фаза на оваа болест може да доведе до:

  • деформација и задебелување на ноктната плоча
  • болка и чешање на нозете
  • кафеава, бела и темножолта боја на ноктите
  • непријатна миризба на нозете

Како што инфекцијата се шири, ноктот може да испадне. Но игнорирањето на болеста може да доведе до погубни последици за телото. Освен што габичките можат да се прошират и на другите прсти, со нив може да се зарази и целото тело. Затоа, неопходно е да почнете со лекување навреме, а не да очекувате дека болеста сама ќе исчезне.

Габичките на нозете може да се појават поради тесни чевли или поради вештачки материјали кога стапалото многу се поти, а тоа претставува плодно тло за раст на бактерии.

Габичките можат да се размножуваат и во базени, сауни, тушеви, вежбалници и слично.

Телото со силен имунитет може да им се спротивстави на габичките, но пациентите со дијабетес или постарите луѓе што имаат слаби крвни садови, не можат да ги победат без соодветно лечење.

Како да ги лекувате габичките на нозете?

Главното правило е секојдневно миење на стапалата. Потоа, задолжително избришете ги и никогаш немојте да носите мокри или влажни чорапи на нозете. Купувајте квалитетни обувки во кои не се потат стапалата.

Меѓутоа, ова честопати не е доволно, па мора да користите и соодветни лекови. Важно правило е добро да ги измиете рацете со сапун и вода по секој контакт со заразените нокти.

Кокосово масло

Проверено ги уништува габичките, бидејќи продира во нив. Смртоносно за инфекции, ова масло е лековито за луѓето.

Начин на употреба: Добро измијте ги нозете со вода и со сапун. Исушете ги со памучен пешкир, а потоа добро намачкајте го целото стапало со кокосово масло, а на заразеното подрачје ставете памукче потопено во кокосово масло (прицврстете го со фластер). Оваа постапка повторувајте ја два пати дневно.

Масло од чајно дрво и портокал

Маслото од чајно дрво се користи со векови во борбата против разни инфекции. Тоа е природен фунгицид и има антибактериско дејство. Маслото од портокал во овој рецепт ги зајакнува својствата на маслото од чајно дрво, а и самото тоа има фунгицидни својства. Бидејќи и двете масла се моќни, разредете ги малку со маслиново масло.

Начин на употреба: Измешајте ги маслата (1 лажица масло од чајно дрво, половина лажиче масло од портокал и половина лажица маслиново масло). Навлажнете памукче со ова масло па прицврстете го на заразеното место. Ако ноктот е многу заразен, намачкајте го со ова масло и оставете го природно да се исуши. Повторете ја постапката 2 пати дневно.

Јаболков оцет и сода бикарбона

Бидејќи оцетот создава кисело опкружување, го пробива слојот каде што габичките се размножуваат, а содата бикарбона ги ублажува миризбите и го сопира растот на габични инфекции.

Начин на употреба: Потопете ги стапалата во леген со топла вода. Потоа, сипете чаша оцет и оставете ги нозете во таа вода околу 15 минути. Потоа, исушете ги стапалата. Во чиста вода додајте 5 лажици сода бикарбона и повторно потопете ги нозете во таа вода околу 15 минути. Исушете ги стапалата со пешкир. Повторувајте ја постапката наутро и навечер додека не исчезнат габичките.

Домашен лек против габички на ноктите

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More