4 кратки медитации кои ќе ви помогнат да се ослободите од стравот

Испробајте

Стравувањата и грижите за иднината, постоењето и вознемиреноста за нови потреси се нешто со кое многумина од нас сè уште се борат по скоро два месеци.

Колку и да сме свесни дека од стравот не добиваме апсолутно ништо освен непотребната грижа што ни предизвикува стрес, тешко е да се контролира. Мозокот работи без разлика колку е уморно телото – не може да спие.

Апчињата за спиење може да бидат корисни, но бидете внимателни околу нивниот состав и консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Разговорот со психолог е одличен начин да се потиснат стравовите и да се решат проблемите, но со оглед на претходно споменатиот страв од постоење како резултат на кризата во која влегуваме, бараме прифатливи или бесплатни решенија.

Ако не сте пробале медитација до сега, можеби е добро време. Издвоивме неколку кратки медитации за да можете да се справите со стравот и да го ослободите вашиот ум од загриженост, затоа седнете, смирете се и потонете во медитација. Дури и ако не можете да се фокусирате, без грижи, ќе ви треба малку вежбање, но бидете упорни и не откажувајте се.

Прочитајте и: Десетици илјади луѓе се живи како резултат на падот на загадувањето на воздухот

https://youtu.be/7wXqRiDoarA

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.