Десетици илјади луѓе се живи како резултат на падот на загадувањето на воздухот

Добри вести

Квалитетот на воздухот се подобри толку многу во последните месеци што веќе може да се види влијанието, а само во Европа се пријавени 11.000 помалку смртни случаи заради здравствени проблеми како резултат на загадување на воздухот.

Центарот за истражување на енергија и чист воздух најави намалување на емисиите од сообраќајот и индустријата, што резултира со значителен пад на концентрацијата на штетни честички низ цела Европа.

„Мерките преземени за борба против коронавирусот доведоа до пад од 40 проценти на нивото на азотниот диоксид и 10 отсто намалување на материјата за честички во воздухот во последните 30 дена. Тоа резултираше во 11.000 помалку смртни случаи од загадување на воздухот“, велат од организацијата.

Овие две форми на загадување го оштетуваат срцето и респираторниот систем и заедно предизвикуваат 470.000 смртни случаи во Европа секоја година.

Покрај тоа, производството на електрична енергија со јаглен падна за 37 проценти, а потрошувачката на нафта за третина. Согорувањето на јагленот и нафта е главен извор на штетни честички во воздухот.

Други здравствени ефекти вклучуваат 1,3 милиони помалку отсуства од работа, 6.000 помалку пријавени случаи на астма кај деца, 1.900 помалку интервенции на брза помош заради астматични напади и 600 помалку предвремено родени деца.

Во светски рамки, бројот на избегнати смртни случаи од загадување ќе биде многу поголем затоа што студијата се фокусираше на еден континент и еден месец, а не на целиот свет откако пандемијата започна во Вухан пред шест месеци.

Прочитајте и: Направете сами освежувач на воздух што го дезинфицира просторот: Заштита број 1 од вируси!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.