Палачинки на германски начин од рерна: Неодолив појадок готов за 20 минути!

За убав почеток на денот

Овој оброк едноставно се приготвува, а многу е вкусен

Состојки:
  • 4 јајца
  • 3/4 шолја млеко
  • 3/4 шолја брашно
  • прстофат сол
  • 3/4 лажица путер
Приготвување:
  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
  • Во сад изматете 4 јајца, 3/4 шолја млеко и прстофат сол.
  • Кога јајцате ќе се соединат, додајте и изматете 3/4 шолји брашно. Ако ви е полесно, можете и сето тоа заедно да го изматите во блендер.
  • Ако сакате, додајте рендана кора од лимон, мускатно оревче или лажица шеќер.
  • Во тавче за рерна стопете 3 или 4 лажици путер, па сипете ја смесата од јајца.
  • Печете во рерна 15 до 20 минути.
  • Можете да го оладите 5 минути или да го послужите директно од рерна.
  • Послужете со шеќер и лимонов сок на врвот, јаворов сируп, овошје по желба или со мармалад.

Престанете да го уништувате омилениот десерт: Поради овие 4 грешки палачинките ви излегуваат лоши и гумени!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.