Престанете да го уништувате омилениот десерт: Поради овие 4 грешки палачинките ви излегуваат лоши и гумени!

Не правете го ова!

Дознајте поради кои грешки го уништувате омилениот десерт

Палачинките во многу домови се еден од омилените десерти. Иако тестото е едноставно за приготвување, понекогаш правиме грешки што може да влијаат врз вкусот и квалитетот на палачинките.

Премногу мешате

Многу домаќинки сакаат да ја разбијат секоја грутка брашно и премногу го мешаат тестото. Тоа е погрешно. Не смеете да претерате со мешање или матење, бидејќи глутенот ќе почне да се развива и тестото ќе стане еластично, што значи дека палачинките ќе ви бидат гумени.

Немате трпение

За да ви излезе смесата совршена, треба да ја покриете и да ја оставите да отстои половина час.

Не го загревате тавчето доволно

Доколку тавчето не е загреано, тестото безживотно ќе се разлее и ќе ги впие сите маснотии со кои сте го премачкале тавчето. Ви предлагаме да ја проверите температурата така што ќе ставите мала палачинка како пробна.

Пречесто ги превртувате палачинките

Воздржете се од превртување се’ додека не добијат златна боја на долната страна. Ако правите американски палачинки, треба да бидете особено внимателни, бидејќи во спротивно би можеле да ја изгубат воздушестата текстура.

За да ги усовршите, пробајте го и овој трик што гарантира најмеки палачинки на светот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.