Направете сами освежувач на воздух што го дезинфицира просторот: Заштита број 1 од вируси!

Кога продавниците се празни...

Во недостиг на таков од продавница, можете и самите да направите освежувач на воздух, но ќе мора да го користите почесто, бидејќи е природен, па ефектот му е пократок

Поради моменталната ситуација со коронавирусот и важноста на миењето раце, течните сапуни и средства за дезинфекција станаа многу важни, а поради големата побарувачка, понекогаш тешко се наоѓаат на полиците во продавниците.

Покрај дезинфекција на раце, многу е важно да обрнете внимание и на чистењето на просториите во кои седите. Се препорачува користење средства што се на база на активни материи, како етанол, натриум хипохлорид, глутаралдехид, изопропанол, бензалкониум хлорид и натриум хлорид.

За дезинфекција на просторот, но и за освежување на воздухот, можат да ви помогнат и природни освежувачи со есенцијални масла. Станува збор за опција во чии состојки ќе бидете апсолутно сигурни, бидејќи ќе биде дело на вашите раце.

На тој начин ќе знаете дека имате производ што не содржи опасни хемикалии, а кој ќе ви помогне воздухот во вашиот дом да биде чист, свеж и со пријатен мирис.

Има повеќе опции за правење освежувач, но ние го предлагаме следниов рецепт…

Состојки:
  • 1 шолја вода
  • 2 големи лажици медицински алкохол
  • 15-20 капки есенцијално масло со антибактериски својства по личен избор, а може да комбинирате и повеќе масла (во групата антибактериски масла спаѓаат: чемпрес, евкалиптус, лаванда, лимон, лимета, нане, рузмарин, жалфија, сандалово дрво, лист од цимет)
  • шишенце со распрскувач
Приготвување:

Во шишенце со распрскувач измешајте ги сите состојки. Добро протресете и вашиот освежувач е спремен за употреба.

Со оглед на тоа што есенцијалните масла имаат тенденција да пловат на површината на водата, секогаш протресете го шишето со распрскувач пред употреба. Вистина е дека природните освежувачи на воздух пократко се задржуваат во воздухот од купечките, но решението за тој проблем е едноставно – користете ги малку почесто.

Не заборавајте дека освежувачите се само помошници. Клучно е да ги проветрувате просториите така што ќе ги држите отворени, да вклучувате вентилација и темелно да го чистите и дезинфицирате домот.

Прочитајте и кои 10 работи мора редовно да ги фрлате од домот, бидејќи се извори на вируси и зарази.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.