10 работи што мора редовно да ги фрлате од дома: Извори на болести и зарази!

Совет на денот

Чистењето на домот честопати подразбира фрлање непотребни работи што шират зарази

Ако детално го исчистите домот, а притоа не сте ги фрлиле овие работи, исто како да не сте направиле ништо.

Прочитајте го овој список од 10 работи што често мора да ги менувате, за да го заштитите домот од зараза и болест…

1. Сунѓери и крпи – фрлете ги по еден месец употреба.

2. Мувлосана и храна на која и’ истекол рокот на траење – иако мириса добро, оваа храна не е за употреба. Ако ја изедете, ризикувате да добиете сериозно труење со храна.

3. Пластични садови – оние што се наменети за еднократна употреба фрлете ги веднаш, додека наменетите за повеќе употреби, фрлете ги откако ќе се искриват, изгребат или оштетат. Опасните хемикалии од оштетениот пластичен сад можат да влезат во составот на храната.

4. Перници – фрлете ги по неколку години употреба. Прашина, нечистотии, пот, лушпи од кожата… сето тоа се наоѓа на вашите перници. Не можете да ги отстраните со обично перење.

5. Средства за чистење на домот – по две години средствата го менуваат дејството, што значи дека може да бидат токсични. Па затоа, фрлете ги и не размислувајте што би можело да се случи.

6. Зачини, масла, чаеви – фрлете ги по 2 години, бидејќи маслото може да се расипе, а зачинските билки и чаеви може да станат легло на молци.

7. Четки за заби – фрлете ги по 3 месеци користење. Се надеваме дека не треба да ви објаснуваме зошто е ова важно.

8. Шминка – по 6 месеци шминката се расипува. Ако и понатаму ја користите, тоа значи дека може да ја уништите кожата на лицето.

9. Витамини – што им истече рок или две години по отворањето. По овој датум, не се здрави туку отровни!

10. Кремови и млека за сончање – веднаш по летото. Штом пројде летото, фрлете ги кремовите за сончање. Изложени на сонце и песок, тие можат да станат сериозно легло на бактерии.

Прочитајте и зошто содата бикарбона е вашиот сојузник во животот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.