Сода бикарбона – вашиот сојузник во животот

Корисни совети

Сода бикарбона е чудо во прав што ви помага да решите многу поблаги здравствени проблеми, да го исчистите домот и мебелот и да ги отстраните постојаните дамки од вашата гардероба. Таа е исто така одлична за нега на кожата, косата и ноктите.

Пилинг за лице од сода бикарбона

Направете мешавина од сода бикарбона и вода во размер 3: 1. Нанесете ја смесата на лицето во нежни кружни движења. Ова ќе ви даде нежно и ефикасно чистење на лицето. Сода бикарбоната исто така може да ви помогне да се ослободите од досадните мозолчиња. Како? Направете мешавина од сода и свежо исцеден сок од лимон и нанесувајте ја на мозолчето во текот на денот. Содата ќе го исуши мозолчето, а лимонот ќе ѝ даде свежина на вашата кожа.

 

Шампон за длабинско миење на косата

Направете свој шампон за длабоко миење со додавање на четвртина сода бикарбона во шампонот (треба да додадете сода бикарбона во проѕирен, а не кремаст шампон). Ова ќе ви помогне да ги отстраните остатоците од производи за нега на коса и нивните наслаги на косата.

Кога немате време да ја измиете косата, користете сода бикарбона како сув шампон за да ги впие маснотиите од косата. Едноставно, само нанесете сода бикарбона во коренот на вашата коса, а потоа исчешлајте ја.

Прочитајте и: Сода бикарбона и кокосово масло – магичен микс совршен за нега на кожата

 

Против лошиот мирис на стапалата

За да го спречите лошиот мирис на стапалата, измешајте три лажички сода бикарбона, една лажичка сол и неколку капки есенцијално масло во мала количина вода, а потоа натопете ги стапалата во неа.

Ублажете ги изгорениците

Ако имате изгореници од сончање и сакате да ги смирите, натопете пешкир со раствор од 250 мл вода и четири лажици сода бикарбона. Како резултат ќе се повлече температурата од изгорениците.

 

Прочистувач на црниот дроб и цревата: Напивката од сода бикарбона и лимон може да замени шака лекови!

 

Сода бикарбона за поубава кожа

Ако користите сода во топла бања тоа ќе ви помогне да имате помека кожа. Кога сакате да направите домашен педикир, додадете три лажици сода бикарбона во топла вода и стапалата ќе ви бидат одморени и свежи.

Сода бикарбона за поздрави нокти

Сода бикарбоната, ако ја втриете во ноктите, ќе ви помогне да се ослободите од габите, а вашите нокти помалку ќе се кршат и ќе бидат посветли.

За болки во мускулите

За да се опорават мускулите и да се избегне воспаление, после интензивно тренирање, пијте лажичка сода бикарбона растворена во вода.

За подобар здив

Имате лош здив и сакате да се ослободите од него? Стопете сода во вода, земете една голтка и направете гаргара, исплакнете го грлото.

За избелување на забите

Кога сакате да ги избелите забите брзо и природно, наместо паста нанесете мала количина сода бикарбона на четката за заби, и истријте ги како што би го направиле тоа нормално.

Каснувања од инсекти

Болката, чешањето или иритација од каснувања од инсекти може да се ублажат со сода бикарбона. Без разлика дали станува збор за убод од пчела, комарец, пајак или слично, измешајте сода бикарбона со малку вода и потопете ја на заболената област.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.