Центар за внатрешни болести „Срце“: Професионалност, посветеност, истрајност и домаќинско однесување – карактеристики на нашето работење!

По повеќе од 18 години успешна работа на Центарот за внатрешни болести „Срце“, на 1.1.2020 година, го прославиме 18-от роденден од своето формирање во нови простории.

Центарот за внатрешни болести „Срце“ во минатиот период израсна во една референтна, респектабилна приватна здравствена установа. Мора да го истакнеме фактот дека сме една од ретките ПЗУ кои работат и стопанисуваат самостојно и сосема независно.

Пациентите се нашиот електорат…

Тоа упатува на фактот дека пациентите ја препознаваат високата стручност и професионалност на нашиот тим, тие денес можат да избираат каде да се прегледаат, би рекле дека тие се нашиот електорат.

Во Центарот за внатрешни болести „Срце“, покрај редовно вработените кои го сочинуваат тимот составен од лекари специјалисти интернисти и субспецијалисти кардиолози, нутриционисти, дипломирани инженери по биохемија, медицински техничари и лаборанти, администратор, ординираат и неколку професори консултанти супспецијалисти од разни области на интерната медицина, кои секојдневно изведуваат најсофистицирани дијагностички процедури.

Со еден збор може да се каже дека во Центарот ординираат едни од најдобрите интернисти во земјата.

Покрај дијагностиката и лекувањето, пред 5 години почнавме да развиваме уште еден проект, а тоа е ХРОНО-програмата со која сме и лидери во земјата. Тоа е дел од превентивната медицина.

Првично таа програма ја презедовме од Центарот д-р Гифинг од Белград, но како специјалисти интернисти од повеќе области на интерната медицина, истата ја развивме и унапредивме во наша сопствена програма за нутритивна диететика, базирана на нашето повеќегодишно искуство од областа на ендокринологијата и болестите на метаболизмот како и нивната поврзаност со заболувањата на кардиоваскуларниот систем.

На тимот се приклучија и нутриционисти, така што за прв пат во земјата истовремено тимски на едно место работат лекари специјалисти и нутриционисти.

Што се однесува до опремата, Центарот за внатрешни болести „Срце“ е опремен со најсовремена технологија. Од неодамна имаме нов, најсовремен ехо-апарат опремен со повеќе типови на сонди со кои се гледаат сите органи во човечкото тело.

Да не ја заборавиме и биохемиската лабораторија која е неопходна за поставување на брза и точна дијагноза, чии резултати се толкуваат од нашиот лекарски тим, што е голема предност за пациентот.

За крај, би истакнале дека нашите нови простории, како и целиот работен процес на центарот се приспособени максимално да придонесуваат за што поголема добробит на пациентот.

Д-р Горан Николов, специјалист интернист – кардиолог

Центар за внатрешни болести „Срце“

Бул. 3-та Македонска бригада бр. 45/1-2, 1000 Скопје

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

www.srce.com.mk

E-mail: srce@srce.com.mk

FB: CentarZaVnatresniBolesti

Instagram: Srce-centarzavnatresnibolesti

 

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.