Начинот на кој партнерот ве држи за рака открива многу за вашата врска

Обрнете внимание

Фото: Pixabay

Говорот на телото може да го потврди она што е кажано или нешто сосема спротивно.

Еве што кажува начинот на кој се држи за дланките со вашиот партнер: 

Испреплетени дланки

Кога дланките се испреплетени, тоа е знак дека љубовта е здрава и дека постои огромна доверба меѓу вас. Таквиот однос е со добар квалитет и траен.

Што вели позицијата на дланките

Обрнете внимание на тоа како се позиционирани дланките. Ако вашата дланка е свртена нагоре, а неговата кон вашата, тоа значи дека вашиот партнер има заштитен инстинкт и сака да ве заштити во животот и врската.

 

Прочитајте и: Љубовта не мора да почне со вљубување? Но ако не се вљубиме, како ќе го избереме партнерот?

 

Држење за малиот прст

Кога вашиот партнер ве држи за малиот прст, тоа значи дека нешто не е во ред и дека врската е во опасни води. Држењето на малиот прст е знак дека во моменти на караница може да дојде до агресивно однесување, што е сосема неприфатливо. Ваквото држење е знак на посесивност и знак дека партнерот ве доживува како свој имот.

Што значи кога ве држи за малиот прст со двете раце

Овој став е сосема спротивен на претходниот. Држењето на малиот прст со двете раце ја открива страста и копнежот.

Испреплетени прсти

Кога прстите се испреплетени тоа е знак на вистинска љубов, добра комуникација и взаемна желба да имате најдобра можна врска.

Држење за еден прст

Кога партнерот ве фаќа со еден од прстите, тоа може да значи две работи: или сте двојка која ја почитува слободата и независноста на другиот, или нема многу интерес кон вас.

Три раце: грижа или опсесија?

Понекогаш, две раце не се доволни за да создадат врска помеѓу вас, па и третата (неговата) исто така учествува при што вашата рака е во средина. Забележете во кој момент тоа се случува, затоа што открива желба за прекумерна заштита, што е на работ на посесивност. Ако ова е во момент кога тој е премногу загрижен за вас од оправдани причини, тогаш нема причина да се грижите.

 

Најдобрата приказна за бракот: Еве како лавот се однесува кон својата жена!

 

Не е страшно ако не ве држи за рака

Што ако партнерот никогаш не ве држи за рака? Пред да помислите дека не ве сака, размислете дека можеби само е срамежлив и не сака да го прави тоа јавно. Ако тој ја држи вашата рака додека сте сами, тогаш нема причина да се грижите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.