Елена Василевска Ѓеоргиева: „Располагаме со апаратура, постапки и со третмани според кои сме уникатни и кај нас, и во регионот“

Дента ЕС

Дента ЕС е основана во април 2005 година, и оваа година влеговме во полнолетство. Почнавме како млади доктори, полни со амбиција и желба за раст, развој и успех. На почетокот, бевме само јас и мојот сопруг Слободан, кој е и управител на Дента ЕС“, вели д-р Елена Василевска Ѓеоргиева, специјалист по ортодонција, еден од основачите на поликлиниката „Дента ЕС“ и управител на веледрогеријата и едукативниот центар „Орто Дента ЕС“.

„Со голема упорност, посветеност на пациентите и континуираната едукација и вложување, пред сè во знаење, успеавме да пораснеме. Во 2012 година влезе и нашиот колега д-р Виктор, како трет партнер и продолживме сите тројца.

Денес, Дента ЕС има скоро 30 вработени, специјалисти од сите области на стоматологијата, оралната хирургија, протетика, ортодонција, полето на нарушување на темпоромандибуларниот зглоб, естетската стоматологија, естетиката на лице, современа ендодонција, сè до ласерската стоматологија.“

Со кои се предизвици се соочивте низ годините и дали тие се цената за успехот?

Предизвиците беа и сè уште се многубројни, особено за земја и пазар како нашиот, почнувајќи од цените, кои за да опстанете, за да инвестирате во себе и во најнова технологија треба да навистина да работите 5 пати повеќе од кој било стоматолог во светот. Тука се и многубројните правни нормативи и закони кои во одредени моменти се навистина отежнувачки во процесите, особено кога сакате да пораснете, од сопствен труд.

Горди сме на нашиот успех, кој го имаме и по кој сме препознатливи и тука и во регионот, па и во светот. Патот некако ни се отвори уште во 2012 година, кога јас преку посебна едукација станав едукатор, за ортодонтскиот систем Damon ystem, едукатор на Ormco Advance Education, за да станам и KOL за EMEA (Европа, Блиски Исток и Африка), во 2015 год, подоцна и прв амбасадор од Македонија во Американската асоцијација по ортодонција.

Дали располагањето со најнова технологија е клучно за да се остане конкурентен во полето на стоматологијата?

Технолошкиот раст и развој, особено најновите трендови на дигитализацијата и вештачката интелигенција, се неминовно дел и од стоматологијата, едноставно, ако сакате да ги следите светските трендови, развојот но и стандардите кои се поставуваат при третман на пациентите, дефинитивно се наметнува сериозна потреба од техничко-технолошки раст и развој.

Приодот на третман на пациентите е сосема различен, се оди кон холистички пристап на секој пациент, забалото како дел од целиот организам, а не изолирано како заб.

Мораме да ги имаме предвид и потребите, но и барањата на пациентите, кои стануваат сè поотворени и поголеми, заради светскиот тренд на достапност на сите информации преку медиумите, и стандардите што ни се наметнуваат не само за здравје туку и за убавина.

Стоматолошката поликлиника Дента ЕС има ISO 9001:2015 сертификат за квалитет, што гарантира овој стандард.

Овој сертификат нуди стандардизирање на процесите и квалитетот, преку следење на сите процеси внатре во Поликлиниката, а исто така и квалитет на услугата кон пациентите. Водејќи сметка за материјалите кои се набавуваат, до надворешните соработници, па се до хигиената и процедури за стерилност во работата.

Во последните години вашите области бележат голем напредок во поглед на осовременување на постапките. Во колкава мера Дента ЕС ги следи светските трендови во достапните услуги?

Со гордост може да кажеме дека располагаме со апаратура и со постапки и со третмани по кои сме уникатни и тука и во регионот.

Моментално се отворени дел од новите простории во склоп на Дента ЕС. Од каде произлезе идејата за создавање ваков естетски центар?

Во последниот период се јави потреба да се одвои естетиката и третманите за лицева естетика во посебен центар. Нам долго време естетиката ни беше само придружна гранка, но имајќи го предвид огромното искуство на докторите и базата на колеги, кои имаат почнато да се занимаваат со естетски процедури, едноставно од нашиот едукативен центар, решивме да го прошириме дејствувањето и во соработка со доктори, дерматолози, да се развијат посебни протоколи за нега убавина, од медицински аспект, не како козметички процедури.

Тука се процедурите со врвни хијалуронски филери, мезоконци, ботокс, мезотерапија, биофилери, ПРП, липолиза, детокс на тело со мезотерапевтски коктели, најновиот апарат Morpheus 8, платформата Facetite-Bodytite, која е еден од најпрестижните апарати во светот за убавина на лице и тело.

Центарот ги соединува сите ваши компании на едно место. Од каде произлезе идејата за името?

Центарот ќе биде алка помеѓу Дента ЕС и Едукативниот центар, но ќе има уште плус едно поле на дејствување, кое е своевидно проширување на досегашните услуги. Идејата за името некако произлезе спонтано, сакавме да се задржи ЕС, а ЕЛИТ дојде како префикс, заради различност на услугите од она што досега што го нудевме, па како еден вид посебност од стоматологијата, и префиксот ДЕНТА.

Кои се предизвиците да се отвори и води ваков центар како Елит ЕС?

На прагот сме на мноштво нови предизвици, и можеби ќе треба да ви одговорам на ова прашање по една година од сега.

Кои простории моментално се отворени во Елит ЕС и какви услуги нуди центарот?

Почнаа да функционираат Едукативниот центар, Ординациите за естетика на лице и тело, Кабинетот за ласерска стоматологија, ласерска естетика на лице заедно со Morpheus 8, а подготвуваме и физикален дел за третман на пациенти со проблеми со виличен зглоб и sleep apnea.

Располагате со нова технологија во делот на ласерската стоматологија. Какви се интервенции може да се направат со ласерот Fotona?

Fotona ласерот е исклучително моќна алатка во светот на стоматологијата, можни се безболно пломбирање заби, ласерско белеење, операции на тврди и меки структури, третман на пародонтопатија, клиничко продолжување на коронки, десензибилизација, па сè до биостимулативни третмани за зглоб и рчење. Ласерот има додатоци и за лифтинг на лице, намалување брчки, епилација, решавање капилари итн.

Располагате со нова технологија и во делот на фацијалната естетика. Какви се третмани може да се направат со Мorpheus 8?

Ние ја поседуваме платформата Bodytite Facetite и Morpheus 8. Со неа освен што може да се направи микрониделинг и пуштање длабинска радиофреквенција, со канилите може да се направи и еден вид липосукција на подбрадок, абдомен, па и целосен лифтинг, паралелно со испуштање радиофреквенција и затегнување.

Тоа е навистина многу моќен апарат, кој е основно средство за многу ѕвезди, како Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Кристи Бринкли итн.

Кои новитети може да очекуваме во иднина?

Има уште доста идеи кои треба да ги дооствариме, но засега нека останат мала тајна.

Instagram: https://instagram.com/dentaes.mk?igshid=YmMyMTA2M2Y= 

Facebook: Denta ES 

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.