Забни импланти: Медицински помагала чија популарност постојано расте, а еве зошто!

Совети од експерт

Забните импланти се медицински помагала што ги заменуваат корените на забите што недостигаат. Д-р Кренар Папранику од денталната клиника „Продент“ ни одговори на клучните прашања за постапката и придобивките.

Д-р Кренар Папранику од „Продент“

Кој е најдобар кандидат за поставување забни импланти, кому му ги препорачувате?

1. Гингивата мора да биде во добра состојба. Секогаш забележуваме дали имате проблеми со непцата и состојбата на другите заби. Ако имате пародонтална болест, треба да започнете сеопфатен третман пред да ставите забни импланти.

2. Густина и дебелина на коскaта. Коските се главниот фактор што го поддржува успехот на вашите импланти. Како што почвата за цвеќе ги зајакнува и затегнува корените околу себе, така и коската ги затегнува вашите импланти. Честопати ова е генетско, но ако се планира однапред, можеме да ја зачуваме вашата коска за да може да поддржува импланти во иднина.

3. Навика за четкање заби. Пациентите со добра орална хигиена се одлични кандидати за забни импланти. Миењето двапати на ден и професионалната проверка на секои шест месеци го зголемуваат успехот за вашите импланти да бидат во вашата уста долго време.

4. Луѓе што не пушат. Ако сте непушач, ги зголемувате шансите имплантот да остане здрав многу години. Бидејќи никотинот, јаглеродниот моноксид и катранот го забавуваат процесот на заздравување и ги зголемуваат шансите за орални инфекции, хроничниот пушач не е кандидат за импланти. Само ако одлучите да престанете да пушите, тогаш се отвора можност да разговарате за поставување имплант во вашата уста.

5. Мора да имате трпение. Завршувањето на процесот co импланти може да трае од три до осум месеци. На пример, поставувањето коска за поддршка на импланти бара повеќе време за зајакнување и интеграција, па со тоа се зголемува времето за поставување на завршните заби врз вашите импланти.

Кога е најдобро време за постапката, дали веднаш по екстракцијата на забот или одложено, дали има разлика?

Постојат три типа на временски класификации за поставување забен имплант: непосредна, рана (1 – 4 месеци) и одложена (повеќе од 6 месеци). Долго време најуспешен метод беше одложеното поставување импланти, кога пациентот требаше да чека долго време до конечното формирање на новата коска. Со употребата на новите методи и примената на современи имплантолошки протоколи во нашата клиника, на стотици пациенти им овозможуваме итно поставување импланти во денот на вадење забот, намалувајќи го неколкумесечното чекање за конечниот резултат.

 Кои се придобивките од надоместот на загубените заби токму со импланти?

– Чувството и впечатокот на сензација како на вашиот природен заб.

– Зачувувањето и спречувањето на понатамошното губење на вашата коска, како што се случува ако имате или сте имале тотални протези.

– Лесни се за чистење и одржување. Тие се чистат и мијат исто како и вашите природни заби, користејќи ги истите четки што ги користите за вашите природни заби.

– Животниот век на забните импланти е двојно или повеќе од оној на мостовите и тоталните протези.

 

Дали процедурата е болна и безбедна?

Искуството на нашите пациенти е дека поставувањето забни импланти е безболно и многу полесно отколку вадењето или правењето заб. Специјалните анестезии што ги користиме во нашата клиника претставуваат нула болка кај пациентите. Имплантите доаѓаат во посебно пакување и се отвораат само за време на почетокот на процедурата, што ја прави и побезбедна процедурата.

Во „Продент“ спроведувате и многу повеќе постапки од областа на оралната хирургија, веројатно тоа го олеснува имплантирањето и кај покомплексните случаи? 

Најчеста процедура кај посложеното поставување дентални импланти е додавањето вештачка коска. Имаме специјални инструменти и мембрани што безбедно ја фиксираат вештачката коска на вашата вилица. Повеќе од 10 години во поставувањето забни импланти ја олеснуваат секоја тешка хируршка процедура.

Контакт:

Тел.: 044 334 595;

Веб: https://prodent.mk/

Фејсбук: @Prodent;

Инстаграм: @prodent_smile

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.