Kожата по летото: Професионални третмани што даваат одлични резултати за рехидратација и регенерација на кожата

Во нашиот фокус

На оваа тема разговаравме со сертифицираната лекарка д-р Наташа Старковска Спасова, од стоматолошката ординација „Никол дент“

Со сончањето се добива убав тен, но многу често како последица имаме сува и дехидрирана кожа, склона на создавање првут, како и кожа неправилно пигментирана и со изразени дамки. Кај повозрасните жени сето тоа е проследено и со намален тонус на кожата и забележливи линии во пределот на вратот и деколтето.

Третмани и постапки што ги препорачуваме за повторно да се рехидрира кожата длабински, да ѝ се вратат еластичноста и сјајот и за бришење на дамките се:

Биохидратација

Постапка со која се внесуваат моќни хидратациони коктели, со кои кожата повторно станува мека и еластична, затегната и без првут.

Се препорачува кај сите типови на кожа изложени на сонце. Се препорачува и во услови на суво и студено време, за да се намалат црвенилото,пецкањето, првутот на кожата и чувството на затегнатост. Се изведува на лицето, вратот и на деколтето, но може и на други проблематични делови на телото. Препорачливо е да се направат три последователни третмани на растојание од седум до десет дена, но и со еден третман се постигнуваат задоволителни резултати.

Мезотерапија

Овој третман се препорачува за рехидратација и отстранување на дамките од сончање. Се користат моќни коктели за таа намена за видлив и долготраен ефект. Кожата станува мека, сјајна и еластична, со изедначен тен

ПРП-третман

Со помош на факторите на раст концентрирани во крвните плочки во крвта на клиентот, овозможуваме регенерација на кожата на сите нивоа. Така, оштетената кожа од сончевите УВ-зраци повторно се обновува и депигментира. Топло препорачана за лицето, вратот и деколтето по овој период

Мезоконци

Мезоконците долготрајно ќе ја зацврстат опуштената кожа, особено кај повозрасните лица. Топло препорачани за вратот и деколтето по подолга изложеност на сонце.

Се препорачуваат и третмани на површината на кожата. Намената е:  длабока рехидратација и отстранување пеги и дамки.

Доколку имате други прашања и дилеми врзани за оваа постапка, посетете ја ординацијата „Никол дент“ на адресата: ул. Водњанска 5/4, 1000 Скопје, или јавете се на телефонскиот број: +389 (02) 3179-870.

Д-р Наташа Старковска Спасова, сертифицираната лекарка од стоматолошката ординација „Никол дент“

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.