Регенерација и подмладување на кожата во сите нивоа, како и отстранување на ситните брчки со помош на мезотерапија

Нехируршка техника

Разговор со стручно лице

За оваа естетска постапка зборувавме со сертифицираната лекарка, д-р Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординацијаНикол дент“.

Што претставува мезотерапијата?

Мезотерапијата е нехируршка техника, со која се микроинјектираат поголем број различни активни материи во облик на коктели, за постигнување одредени структурни подобрувања на поткожните ткива, како и на самата кожа.

Почетоците на мезотерапијата датираат од педесеттите години на минатиот век. А од 1987 година е признаена и прифатена како важен дел на традиционалната медицина

Што се постигнува со примена на мезотерапијата?

Целта на мезотерапијата е регенерација и подмладување на кожата во сите нивоа, како и отстранување на ситните брчки. Со неа најефикасно се подобрува структурата на кожата и доаѓа до нејзино подмладување и длабинско рехидрирање.

Освен за подмладување, мезотерапијата се користи за успешно отстранување на масните наслаги и целулитот.

На кои делови од телото се применува мезотерапија?

Со мезотерапија може да се третираат целото тело, лицето и косата. Составот на мезококтелите варира во зависност од целта што сакаме да ја постигнеме. Генерално доколку се користат за подмладување и за регенерација на кожата, содржат хијалуронска киселина, аминокиселини, мултивитамини (А, Е, Ц, Д), комплекс витамини Б, минерали, материи за зголемување на мускулниот тонус, фитоконцентрати за избелување дамки, дезинфекција и регенерација на кожни промени, како и за стимулација на раст на коса и уништување на првутот итн.

Сосема е друг составот на коктелите што се употребуваат за топење на масните наслаги и за разбивање на целулитот. Тие во себе содржат хијалуронска киселина, минерали, фосфатилдихолин, кофеин, Л-карнитин, колагеназа, сапонини итн.

Како се изведува постапката?

Постапката се состои од внесување коктели со помош на тенки иглички во адекватниот слој на кожата и поткожното ткиво. Постојат неколку техники на апликација.

Изборот на техника е битен во зависност од длабочината на апликацијата и ефектот што сакаме да го постигнеме. На претходно дезинфицирана кожа се вршат површински или длабоки убоди со иглички на растојание од 0,5 до 0,7 см.

Колку време одзема постапката на мезотерапијата?

Постапката трае 15-30 минути, во зависност од регијата што се обработува, и таа не е болна. Малото пецкање може да се анулира со анестетички крем, кој се премачкува површински врз кожата. По третманот извесно време може да се јави мало црвенило, кое поминува.

Кои ефекти се постигнуваат со помош на мезотерапија?

Со мезотерапијата се постигнуваат следните ефекти:

– подмладување, затегнување и хидрирање на кожата

– зголемување на еластичноста и на цврстината на кожата

– регулирање на создавањето дамки и бришење на постојните

– регулирање на работата на лојните жлезди

– намалување на проширените пори и отстранување малите тенки брчки од лицето

– отстранување на масните наслаги и на целулитот

– стимулација на растот на косата, ревитализација и нејзино згуснување, намалување на себореја

Колку третмани се потребни за постигнување на посакуваните ефекти?

Најдобро би било да се направат од три до пет третмани, на растојание од 7 до 14 дена. Резултатите се брзо видливи. Ефектот е видлив по завршувањето кај 70-90% од пациентите, во зависност од проблемот што го имаат. Циклусот може да се повтори за 4-6 месеци, по желба и потребите на пациентот

Што им се советува на пациентите по третманот?

Истиот ден по третманот да не се применуваат тешки кремови и пудри. Вообичаената нега останува иста. Веќе од наредниот ден се враќаат вообичаените рутини.

Доколку имате други прашања и дилеми врзани за оваа постапка, посетете ја ординацијата „Никол дент“ на адресата: ул. Водњанска 5/4, 1000 Скопје, или јавете се на телефонскиот број: +389 (02) 3179-870.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.