Масажа со коцка мраз: Дали е добра за лицето?

Што мислите за масажата со мраз? Дали е тоа нешто што би сакале да го пробате на вашето лице, но не сте сигурни дали е добра идеја? Експертите ја решаваат дилемата...

Иако масирањето на лицето со мраз звучи малку екстремно, сепак доста се користи во медицината и во козметологијата за нега на кожата. Исто како што ги ставате вашите омилени производи за убавина во фрижидер за да ги искористите придобивките од разладувањето, ледената масажа со мраз може да стане дел од вашата рутина.

Корејките, кои важат за најнегуваните жени во светот, го масираат лицето со мраз во рамките на својата секојдневна рутина за нега на лице. Сомнежите за употребата на мраз ги „разбиваат“ козметичарката Кендис Марино и дерматологот Хедли Кинг.

Кои се придобивките од масирањето на лицето со мраз?

Го намалува воспалението

„Размислете кога имате повреда или оток на вашето тело и вашиот лекар ќе ви каже да го оладите – тоа е истиот концепт, но сега ледот го користиме за естетски цели“, објаснува Марино.

Многу луѓе кои страдаат од воспалителни состојби на кожата како што се акните, можат да имаат корист од масажата со мраз бидејќи го намалува воспалението, што е клучен двигател на состојбата.

Ги намалува порите

„Замрзнувањето“ на кожата ја минимизира појавата на зголемени пори и може да помогне во отпушувањето на порите кои изгледаат поголеми поради остатоците и вишокот на себум. Масажата со мраз го тонира лицето, правејќи ја кожата да изгледа помазна.

Нежен пилинг на кожата

„Оваа масажа може да помогне да се отстрани надворешниот слој на мртвите клетки на кожата и да се стимулираат новите одоздола да растат во порамномерна, помазна распределба“, забележува Кинг.

Осветлува дамки на кожата

Мразот може да помогне да се намали отокот и црвенилото на мозолчињата, а може и да ја смири иритираната кожа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.