Масажа на лице во 5 чекори: Затегнете ја кожата и дефинирајте ги цртите на лицето!

Мора да почнете да го масирате лицето...

А ако се уште се прашувате зошто на вашето лице му е потребна редовна масажа, одговорот е едноставен. Вашето лице содржи мускули, а за да бидат тонирани потребно им е вежбање – исто како и остатокот од телото – што се постигнува со масажа.

Цврстата и затегната кожа на лицето во голема мера зависи од цврстите и затегнати мускули бидејќи тие се директно прикачени еден за друг. Од нив зависи напнатоста на кожата и нејзиниот витален и свеж изглед.

Како да направите масажа на лицето дома?

Пред да започнете, направете го следново:

Исчистете го лицето со благо средство за чистење: Вашата кожа мора да биде чиста пред да започнете со масажа.

Изберете квалитетно масло за лице според вашиот тип на кожа: За сува кожа изберете бадемово, марула или масло од арган. За мрсна кожа, изберете масло од јојоба или семки од грозје. За кожа склона кон акни, изберете масло од семе од шипка. За чувствителна кожа, изберете масло од алое или моринга. Ако не сакате да користите масло, можете да барате квалитетен хидратант/крема за масажа на лице.

Чекор 1: Масажа на челото

Ставете ги зглобовите на челото, веднаш над веѓите. Нежно движете ги вертикално нагоре, кон линијата на косата, а потоа вертикално и странично кон слепоочниците. Повторете го ова движење за „стружење“ пет пати.

Чекор 2: Масирајте го пределот околу очите

Поставете ги врвовите на средниот и показалецот на слепоочниците. Лизгајте ги прстите под пределот околу очите, кон мостот на носот. Продолжете да лизгате преку коските на веѓите, а потоа повторно вратете се под пределот околу очите, следејќи овална патека. Повторете пет пати.

Чекор 3: Масажа на образите

Ставете ги зглобовите на прстите на показалецот на двете раце на образите, во близина на мостот на носот. Нежно поминете ги образите во правец на ушите. Повторете го движењето пет пати.

Чекор 4: Масирајте го делот околу устата

Направете знак „V“ со показалецот и средниот прст на двете раце. Ставете го показалецот над горната усна, а средниот прст под долната усна. Со благ притисок, повлечете ги прстите кон ушите. Повторете пет пати.

Чекор 5: Масажа на брадата

Ставете ги зглобовите на брадата така што линијата на вилицата лежи помеѓу зглобовите. Нежно поминете со зглобовите по вилицата, во правец на ушите. Повторете пет пати.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.