Зошто жените се заљубуваат во насилни мажи?

Е зошто?

Откако ќе сфатите дека сте биле во лоши односи со години, дека некој ве манипулирал, ве лажел, ве омаловажувал, можеби и физички малтретирал, не можете а да не се запрашате: Како тоа не сум го видела порано? Ситуацијата е многу сложена и одговорот не е воопшто едноставен, велат психолозите. Најважно е прво да истакнете дека тоа што некогаш сте биле заљубени во насилник не е ваша вина, ниту пак зборува за вашата интелигенција. Сега, ајде да дознаеме: зошто жените се заљубуваат во насилници?

Страв од напуштање и комплекси

Корените на овој проблем, како и повеќето други, се во детството. Ако сте пораснале во дисфункционално семејство, каде што вашите родители биле во зависна врска и ви давале малку топлина и наклонетост, како возрасена сè уште ќе се чувствувате непотребно и ќе барате поддршка во вашите односи. Честопати ќе замижувате пред алармите во однесувањето на вашиот партнер затоа што очајно се плашите да не останете сами – да бидете напуштени.

Изедначување на љубовта и болката

Дали мислите дека нема љубов без страдање и болка? Парадигмата „Љубов = болка“ се раѓа и кога ги гледаме семејните односи: на пример, мама и тато се сакаат, но мама постојано плаче. Не мора да значи дека врската на вашите родители била насилна, само дека не била доволно исполнета си љубов.

Влијанието на поп културата

Во филмовите и книгите, нездравите врски често се романтизирани и претставени како страсна љубов. Хероите се сакаат толку многу што можат да ги надминат сите пречки.

Манипулација

Насилниците се вешти манипулатори, а во раните фази на врската таквата личност може да изгледа како принц на бел коњ. Своето внимание целосно го фокусираат на вас, создавајќи чувство на сопствена ексклузивност, „пеперутки во стомакот“ и списокот продолжува. Потоа чекор по чекор и со вешта манипулација ве убедуваат дека „подобро знаат“, дека никој друг нема да ве сака толку многу. И така додека сето ова не прерасне во девалвација, гасење, уцена и агресија.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.