Симптоми на тумор на вратот и главата: 7 знаци што никој не смее да ги игнорира!

Обрнете внимание

Група биолошки слични малигни тумори кои настануваат на слузокожата на горниот дигестивен и респираторен систем

Планоцелуларниот карцином на главата и вратот е петтиот најчест карцином кај луѓето во светот и претставува 6 отсто од сите малигни болести. Сепак, голем број луѓе знаат многу малку за него.

Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година во светот има околу 500.000 новооткриени пациенти, од кои 200.000 ја губат битката со туморот. Регистрите бележат дека болеста е карактеристична за мажите по педесеттата година од животот, а на секои шест заболени мажи има една жена.

Како се дефинираат туморите на главата и вратот?

Во потесна смисла, терминот се однесува на група биолошки слични малигни тумори кои настануваат на слузокожата на горниот дигестивен и респираторен систем. Оваа група ја сочинуваат планоцелуларните карциноми на усната празнина (јазикот и дното на усната празнина), грлото (крајниците), мекото непце, коренот на јазикот и почетниот дел на хранопроводот и карцином на гркланот.

Симптоми

Планоцелуларните карциноми на главата и на вратот значајно го нарушуваат квалитетот на животот на болните. Растот на туморот предизвикува интензивни болки, анатомски изобличувања и промени во говорот. Со напредувањето на туморот, загрозени се основните животните функции: дишењето и голтањето. Освен физички промени, туморот и тераписките постапки имаат бројни негативни психички и социоекономски последици.

Најчестите знаци на карцином на главата и на вратот се следниве:

  • безболен јазол на вратот што расте (честопати првиот и единствениот симптом на болеста)
  • безболни бели или црвени дамки и израстоци на слузокожата на устата, јазикот и грлото
  • ранички во усната празнина, јазикот и грлото кои не поминуваат, спонтано крвават и се проследени со непријатен мирис
  • отежнато и болно џвакање или голтање, проследено со намалување на телесната тежина
  • болка во текот на голтањето која се шири кон увото
  • промена на бојата на гласот која трае подолго од три недели, а не е поврзана со настинка
  • отежнато дишење

Иако главата и вратот се лесно достапни за секојдневен преглед, некои тумори растат подмолно, без симптоми, особено на коренот на јазикот и во почетниот дел на хранопроводот. Пациентите неретко стигнуваат до напредна фаза на болеста со загрозени основни животни функции: отежнато дишење (гушење) и неспособност нормално да се јаде.

Зошто настануваат планоцелуларни карциноми на главата и вратот?

Пушењето и претераната консумација на алкохол се двата најважни фактори за развој на планоцелуларен карцином на главата и на вратот. Се смета дека тие заедно се одговорни за 90% од сите карциноми на главата и вратот.

Почнувањето со пушење во раната животна доба и големиот број испушени цигари дневно во текот на долги години, се препознаваат како главни поттикнувачи на тумор. Ризикот од развој на карцином во горниот респираторен и дигестивен систем кај пушачите кои дневно пушат по цела кутија цигари е 13 пати поголем во споредба со непушачите.

Пасивното пушење исто така е препознаено како ризичен фактор за развој на карцином, а забележан е пред сè кај жени со карцином на јазикот, кои никогаш не пушеле активно, ниту уживале во алкохол. Секојдневната зависност од алкохол, со нередовна и неурамнотежена исхрана, сиромашна со свежо овошје и зеленчук, е еднакво важен ризичен фактор.

Во земјите од западна Европа и САД забележана е зголемена појава на карцином на усната празнина и грлото: особено на крајниците и коренот на јазикот. Истражувањата покажале дека се работи за карциноми поврзани со инфекција на хуман папилома вирус: видови на ХПВ 16 и ХПВ 18.

Во САД, според истражувањата, 40-80% од сите карциноми на грлото се предизвикани од ХПВ, а во Европа таа бројка се менува на 90% во Шведска, па сè до 20% во заедниците што се карактеризираат со претерано консумирање цигари.

Заболените се претежно млади, на возраст помеѓу 20 и 40 години, без анамнеза, претходно уживање на никотин и/или прекумерно консумирање алкохол. Се смета дека ХПВ позитивните тумори на главата и на вратот се полово пренослива болест.

Јасна е поврзаноста помеѓу сексуалното однесување и ризикот од развој на планоцелуларен карцином кој е ХПВ 16 позитивен.

Подмолен и без симптоми: Дознајте кои се знаците на оваа тешка форма на канцер и кој спаѓа во најризичната група!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.