Подмолен и без симптоми: Дознајте кои се знаците на оваа тешка форма на канцер и кој спаѓа во најризичната група!

Тешко се открива

Раното откривање е од пресудно значење, а токму во тоа лежи и најголемиот проблем

Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година во светот околу 500.000 жени заболуваат од карцином на грлото на матката, а околу 230.000 од нив умираат од оваа болест.

Просечната возраст на која се открива инвазивен карцином на грлото на матката е од 48 до 52 години, а карцином на ниво на клетки на 35 години.

Во поново време, јасно се воочува дека случаите и морталитетот од карцином на грло на матката, особено кај млади жени, повторно се во постојан пораст, а причините за тоа не се доволно познати.

Се смета дека поголемата слобода во сексуалното однесување, која е поврзана со сексуално преносливи инфекции, особено оние предизвикани од Хумани папилома вируси (ХПВ), значајно влијае врз овој пораст.

Зошто карциномот на грлото на матката се открива доцна?

Најчесто не дава никакви симптоми во својот ран стадиум. Доколку жената не оди на редовни гинеколошки прегледи (еднаш годишно), речиси невозможно е да се постави благовремена дијагноза.

Кои се фактори на ризик за карцином на грлото на матката?

За појава на карцином на грлото на матката придонесуваат:

  • генитални инфекции (ХПВ вируси, строго специфични се за видот, како што се специфични и за локацијата на телото. Ги делиме на ХПВ вируси со низок онкоген ризик: тип 6 и 11, 42, 43 и 44, ХПВ вируси со среден онкоген ризик: 31, 33, 35, 51, 52, ХПВ вируси со висок ризик: 16, 18, 45, 56).
  • хемиска карциногенеза (пушење, имуносупресивни лекови, хемиотерапии, алкохол)
  • имуносупресија (слабиот имунолошки систем на организмот претставува основа за развој на карцином)
  • сексуални навики (раното стапување во сексуални односи може да го продолжи нормалниот процес на созревање на грлото на матката, хигиена на половите органи, сексуални односи за време на менструација)
  • фактори поврзани со машкиот партнер (возраста на мажот за време на првиот сексуален однос, промискуитетно однесување)
  • начин на живот (низок социо-економски статус, нередовна слаба исхрана, стресни случувања, негативен афект – сето ова го зголемува ризикот од појава на карцином).
Како да се препознае?

Клиничката слика е доста разновидна, но се издвојуваат:

  • масивно крвавење
  • посткоитално крвавење (крвавење по однос)
  • постменопаузално или интерменструално крвавење (крвавење помеѓу циклуси)
  • абнормално зголемен секрет

На инвазивен карцином на грлото на матката може да се посомневате само во текот на клинички преглед, ако болеста напредувала, а во одредени случаи и со цитолошки или колпоскопски преглед.

Дијагнозата се поставува со хистолошки преглед на ткивата добиени со биопсија или со ендоцервикална киретажа, а кај почетните облици со конизација.

Кои медицински процедури ги опфаќа прегледот кој има цел рано откривање на карцином на грлото на матката?

Прегледот на гинеколог најмалку еднаш годишно со цел рано откривање на карцином на грлото на матката треба да опфати:

  • клинички преглед со кој се стекнува увид во состојбата на гинеколошките органи
  • колпоскопија и ПАПА тест се две неразделни дијагностички процедури кои овозможуваат откривање и степенување на евентуалните премалигни или малигни промени на грлото на матката, вагината и вулвата.
  • земање брисеви од грлото на матката за лабораториски испитување на присуство на различни микроорганизми – вируси, бактерии, габички, кои можат да предизвикаат упорни инфекции, што е еден од главните ризични фактори за појава на дисплазиони промени на грлото на матката.
  • тумор-маркери се анализи што укажуваат на можното постоење на малигнитети на грлото (сквамозен клеточен карциномски антиген – СЦЦ)
  • лабораториски анализи – испитување комплетна крвна слика и седиментација, основни биохемиски анализи и преглед на урина, кои даваат увид во општата состојба на пациентот
  • едукација и советувалиште – пациентот се информира за болеста, за факторите на ризик, превенција, за дијагностичките процедури и можностите на лекувањето.
Дали карциномот на грлото на матката може да се спречи или барем да се влијае врз неговата појава кај популацијата со веќе зголемен ризик?

На почетокот на јуни 2006 година, компанијата МСД одобрила вакцина против рак на грлото на матката. Препораката е да ја опфати популацијата од 11 до 26 години. Вакцината превенира карцином на грлото на матката, преканцерозни состојби и ранички на грлото од низок степен, како и кондиломи предизвикани од ХПВ вирус тип 6, 11, 16, 18. Компанијата тестирала 27.000 жени во 33 земји.

Исклучително важен чекор во превенцијата на карцином на грлото на матката е редовниот гинеколошки преглед најмалку еднаш годишно.

Не заборавајте дека доколку се открие навреме, карциномот на грлото на матката е излечива болест! Затоа од клучно значење е да одите на редовни прегледи кај вашиот гинеколог!

5 симптоми што укажуваат на рак на грлото на матката: Реагирајте на време и спасете си го животот!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време