Како може современата стоматологија да го унапреди квалитетот на вашиот живот?

Подобро, побрзо, побезбедно, попрецизно

Современата стоматологија и технологија во „Д-р Илиев“

Многу луѓе ги избегнуваат редовните посети на стоматолог – можда поради некое непријатно минато искуство или избегнуваат претпоставена непријатност. Секако, подобро е да се решаваат стоматолошките проблеми штом се појават, а современите техники забрзано се унапредуваат правејќи ја Вашата посета многу покомфорна, ефективна и предвидлива.

Ќе се запрашате зошто сум чекал/а толку!

КАКО МОЖЕ СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈА ДА ГО УНАПРЕДИ КВАЛИТАТИВНО ЖИВОТОТ

Современата стоматологија е претставена како парадигма како оралното здравје се перцепира во дадено време. Современата стоматологија претставува точка каде се пресретнува науката , технологијата, процедурите и уметничката форма на денталната професија.

Дури и многу мали стоматолошки интервенции можат да имаат  влијание во значително подобрување на Вашето орално здравје , а со тоа и подигнување на чувството на благосостојба и позитивно влијание на општото здравје.

Употребата на  технологии и опрема од најновата генерација и модерните техники , методи и протоколи овозможуваат ефективна  рехабилитација на стоматогнатниот систем и апарат во естетскофункционална смисла и овозможување нормално одржување на оралната хигиена.

Брзото справување со забните проблеми со висок квалитативен третман значи и помали шанси за неопходност на сложени стоматолошки интервенции во иднина.

Современата стоматологија истотака може значително да го подобри Вашиот изглед на забите , насмевката и да прави голема разлика како пациентот ќе се чувствува потоа , со зголемена самодоверба, почесто насмевнати и позитивно да влијае на среќата, општото здравје како и интеракцијата со останати особи.

СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ВО  „Д-Р ИЛИЕВ“

Сигурно сте свесни дека можете да бенефицирате од стоматолошки третман но сте нерешителни да се одлучите!

Нашиот  високосовремен центар за естетска целолицева ортодонтска и стоматолошка рехабилитација ги сплотува научното истражување и најновата технологија во која  континуирано инвестираме, така да и нашиот тим е стручен, обучен и посветен  да понуди врвна персонализирана нега и услуга и  овозможи нашите третмани бидат уште попрецизни, предвидливи и покомфирни за Вас. Не секоја ординација и терапевт произведува ист степен на третман и резултат.Како високосовремена ординација, наша визија е континуирано да креираме напредни технолошки решенија кои ќе го зголемат квалитетот, ефикасноста и комфортот на пациентот и гарантираат најдобар можен резултат.

Ви претставуваме  дел од методите како современата стоматологија која постигна сосема ново ниво ја промени стоматологијата

Дигитална рентгенографија

Употребата на дигиталана рентгенографија , RVG, ортопантомограмска снимка , телерентген снимка овозможува брзо и точно дијагностицирање на денталните и останатите скелетални состојби од интерес. Со новите софтверски решенија овозможена ни е автоматска краниометриска анализа во ортодонтската дијагностика. Понекогаш се употребува и CBCT 3D – тродимензионална дијагностика. Со овие можности драматично се унапреди и овозможи подобрено  ортодонтско планирање на третман, орално хируршките интервенции, компјутерско водена имплантологија,  егзактна ендодонција итн…

Интраорален скенер – дигитална стоматологија

Претставува напреден скенер кој слика тродимензионално директно во уста. На тој начин е овозможен т.н. фотоотпечаток кој директно во дигитална форма се ипраќа во лабараторија за  компјутерски водена изработка на разни реставративни, протетски и ортодонтски апликации, еклајнери, invisalign, дизајнирање на насмевка- digital smile design -протокол со кој се овозможува внимателна и детална анализа на лицевите и денталните структури преку најновата видео и дигитална технологија. Бенефитите се многубројни, така на овој начин се одбегнува зимање на отпечаток со отисни маси и на многу побрз, попрецизен, побезбеден, поздрав и покомфорен начин се унапредува во комллетно дигитално работното течение со минимизирање на грешки. Нашето долгогодишно искуство во дигиталната стоматологија ги потврдува бенефициите во целост, а од неодамна можеме да се пофалиме со најновата генерација на IOS во нашата ординација.

Дентален ласер

На пример употребата на диодниот ласер овозможува зараснување на рана без лузна и унапредува  спречување развој на микроорганизми. За пациентите значи помала постоперативна болка.

SiroLaser blue, во наша употреба има над 20 индикации на употреба во сите области на стоматологијата.

Употребата на останатите алатки ја дополнуваат сликата на контролирана , високопрецизна стоматолошка интервенција. Така ретко употребуван традиционален кофердам за изолација на работното поле е нанадминлив во обезбедување на безбедно , широко, суво работно поле неопходно за поголемиот број на интервенции. Денталните лупи или микроскоп за зголемување на видливото работно поле, пиезо-ултразвук,  ендомотор, апекс локатор, UV лампи, виталион, дентална фотоопрема, апарат за одредување на боја забите, дигитална анестезија , дигитален мерач на силите на оклузија  и многу други помошни алатки се неопходен дел во квалитативното унапредување на стоматолошката понуда и услуга .

Не одложувајте и закажете го Вашиот термин уште денеска

Вашата доверба е наша обврска

Д-р ИВАН ИЛИЕВ , специјалист по ортодонција

ПЗУ Д-Р ИЛИЕВ,  ПЗУ ИЛИЕВ-ОРТОДОНЦИЈА

центар за естетска целолицева ортодонтска и стоматолошка рехабилитацијa

Фејсбук: StomatoloskaOrdinacija D-rIliev

Инстаграм: @drilievdental

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.