Линијата на вилицата и брадата: Зошто доаѓа до опуштање

Од масажа на лице до неинвазивни естетски третмани – еве што можете да направите за да ја вратите формата на оваа осетлива област.

Постојат неколку причини поради кои се губи дефиницијата на долниот дел од лицето, меѓу кои лошо држење на телото, позиции за спиење на страна и т.н. технолошки врат (проблеми со вратниот дел од ‘рбетот поради долготрајната свиткана положба нанапред, која ја заземаме додека работиме на компјутер или го користиме телефонот).

Но основата на проблемот е што, со возраста, ги губиме мускулите и тонусот. Освен тоа, коските губат и густина, што значи дека со возраста се менува и слабее обликот на нашата вилица. Масните перничиња на лицето исто така се придвижуваат надолу и дополнително ја намалуваат дефиницијата на вилицата.

ПОЧНЕТЕ СО ВЕЖБАЊЕ

За почеток, експертите предлагаат да спиете на грб за да се намали притисокот на двете страни. Потоа, работете на подобрување на квалитетот на негата – колку е кожата поцврста и поеластична, толку ќе биде позатегната. Освен тоа, со вежбање можеме да ги тонизираме и мускулите на лицето. Размислете: ако вежбаме за зајакнување на мускулите на телото, јасно е дека и мускулите на лицето можат да имаат корист од „тренингот“.

Масажата на лицето може да ја подобри циркулацијата, да го стимулира производството на колаген и да ѝ даде на кожата пооформен и подигнат изглед. За подефинирана линија на вилицата и брадата, експертите го препорачуваат следното движење на масажа: користејќи го палецот и свитканиот показалец од едната рака, цврсто држете ја кожата на брадата.

Свиткајте го показалецот од другата рака, а потоа лизгајте го палецот под коската на вилицата, на брадата и потоа повлечете ги двата прста докрај по линијата на вилицата, додека не стигнат до увото. Не заборавајте да нанесете масло за нега на лице пред да ги правите овие движења.

ШТО МОЖЕ ДА ВИ СЕ НАПРАВИ ВО ЕСТЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ

CoolSculpting и дермалните филери може да се користат за лекување на опуштена вилица. CoolSculpting ги отстранува маснотиите и ја затегнува кожата, додека филер во должина на линијата на вилицата, или малку повисоко – пред увото, може да се користи за поддршка на долниот дел од лицето. Ова се два независни третмани, но комбинацијата дава уште подобар резултат.

Доколку нема многу масно ткиво и поголем проблем е опуштената кожа, во тој случај можно е да се разгледа т.н. ултераписки третман, кој обезбедува ефект на обликување на линијата на вилицата. Користејќи ја технологијата на ултразвук, овој третман го загрева ткивото на кожата, стимулирајќи го производството на колаген.

Во овој случај, прво се изведува ултерапија, а потоа филери. Во секој случај, неопходно е да се консултирате со лекар специјализиран за естетска медицина за да го добиете најдобриот совет со неговото стручно мислење, кое целосно ќе биде приспособено на вашите потреби.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.