Време е за кралот на зимската трпеза: Подварок со суво месо

Рецепт

Прсти да излижеш!

Штом пристигне киселата зелка, започнува сезоната на подварок, кралот на зимската трпеза, кој воодушевува со својата едноставна подготовка и неверојатниот вкус. Подварок може да се приготви на неколку начини, со пилешко и суво или свежо месо.

Ви го претставуваме рецептот за подварок со суво месо.

Потребни состојки:

1 главица кисела зелка

парче суво месо

1 кромид

бибер

чадена црвена пиперка

зачинска црвена пиперка

масло

Приготвување:

Ставете вода во поголем сад, додајте го сувото месо, оставете го да се готви неколку минути и процедете ја водата.

Во сад ставете масло, па издинстајте ситно сечкан кромид.

Ако е солена, добро исплакнете ја зелката во вода. Додајте зелка, бибер, пиперка и месо во садот со кромидот, а налејте вода само да ја покрие зелката.

Варете на тивок оган околу 1 час. Потоа сè префрлете во тавче и ставете го во рерна загреана на 180 степени.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.