THE SPA: „За прв пат во Македонија воведуваме нов тип на масажа со ефект на природна липосукција”

Бидете убави и негувани

THE SPA е место во градот кое е создадено за богато искуство, тивко бегство од динамичното секојдневие и нуди уникатно луксузно разгалување

Нашата мисија е да и помогнеме на жената да ја чува и негува својата убавина на целосно природен начин. Во ова прекрасно катче ве дочекуваме со топол пијалок, шампањ или мартини за релаксација, а потоа нашиот врвно обучен професионален тим со своето знаење и стручност ќе Ви помогне во постигнување на баланс, редуцирање на стресот, подобрување на здравјето и доживување на вистинско луксузно искуство.

Ги почитуваме докажаните традиционални пристапи и третмани, но секогаш гледаме да воведуваме новитети во кои силно веруваме.

           

SpaFacial treatments

Единствени сме во Македонија кои изведуваме третмани на лице со најновата камера – анализатор на кожата која врши прецизна дијагностика за типот на нега која и е потребна на кожата. Анализата е вклучена со секој третман на лице, а според добиените резултати, кожата соодветно се третира и негува. Третманите се изведуваат со козметиката на светскиот бренд Anesi professional, а по секој третман нудиме совети.

ЛИПОМОДЕЛИРАЊЕ по патентирана метода на Рената Франк

Обликување на телото со специфично масирање на ткивото со цел зголемување и подобрување на циркулацијата и ослободување од токсините.  Резултати видливи веднаш по првиот третман со специфична рачна масажа со брзи и цврсти движења со помош на кои се подобрува контурата и формата на телото со преместување на мастите на посакуваните места.

Се добива прекрасна, заоблена силуета, го стимулира лимфниот систем со што телото се ослободува од токсини, го зголемува количеството на кислород во ткивата и се подобрува целокупниот изглед и состојба на телото.

Локација: 50та Дивизија Бр. 40/1-6 Скопје

Контакт телефон: 0038971353390

Имејл-адреса: thespa@thesparoyalexperience.com

Инстаграм: instagram.com/thespa_for_royal

Фејсбук: facebook.com/thesparoyalexperience 

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.