Новитет: Нехируршка пародонтална терапија со Vector Paro System

Минимално инвазивен и безболен метод

Идеален третман на над и субгингивалните наслаги околу забот и имплантите.

Соничните и ултрасонините инструменти се веќе етаблирани како подобри од рачните инструменти во пародонтологијата.

Во ординацијата „Д-р Нина“ работат со Vector Paro апаратот, кој се користи за отстранување субгингивални конкременти и биофилм. По чистењето остануваат мазни и чисти површини на коренот и забот, кои ја отежнуваат понатамошната колонизација на бактериите.

Се употребува со специјална суспензија, која исто така помага во заздравување на пародонталните структури. Воедно ја намалува хиперсензитивноста на забите по третманот.

Vector Paro апаратот се користи и за третман околу импланти. Исклучително е важно да се одржува здраво пери-имплантното ткиво, затоа што ако се јави воспаление во тој дел, може да резултира со загуба на имплантот.

Ризикот за траума на коренот или мекото ткиво при примена на Vector Paro апаратот е сведен на минимум и со тоа е овозможен ефикасен и безболен третман, кој дава одлични резултати кај пациентите.

Контакт:

ПЗУ „Д-р Нина“ ул. „Булевар Авној“, бр. 70, локал 9 1000 Скопје, Македонија

тел.: +389(0)2/2430-188 | +389(0)70/344-061

е-пошта: info@drnina.mk

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.