Ослободите се од АЛКОХОЛНАТА ЗАВИСНОСТ

„По отпуштањето од работа, кај мојот маж почнаа проблеми со алкохолот. Кои тревки ги препорачувате за лекување алкохолизам?“, прашува Марина од Струмица, а советува Лидија Николаевна Ѓаконова, фармацевтка и треварка.

Лекувањето на алкохолизмот секогаш почнува со чистење на организмот, отруен со продукти од распаѓањето на алкохолот. Тревките како копитник или линцура имаат антитоксично дејство – го чистат организмот и ја подобруваат работата на црниот дроб.

ВАЖНО Е ДА СЕ ИСЧИСТИТИ ОРГАНИЗМОТ

1 На моите пациенти често им предлагам смеса од лековити тревки против опивање, направена по стар руски рецепт. Измешајте по 50 г горчлив пелин, кантарион, нане, ајдучка трева и по 25 г чубрика, корен од оман и бобинки од смрека. Една лажица од мешавината сварете со литар вода и испијте ја во текот на денот. Ова количество суровина е доволно за подолг период, притоа паузи при земањето не се потребни.

2 За да спречите труење со продуктите од распаѓањето на алкохолот што циркулираат низ организмот, можете да користите бутрак, геранија, глуварче, тркалезнолисна грушанка, линцура или лопуш (лат. Petasites hybridus). Одберете ги билките што ви е најлесно да ги пронајдете, па направете го лекот.

* Од бутрак, геранија и лопуш пригответе одвар: една лажица од суровината прелејте со 500 мл вода, оставете да се олади, па исцедете. Добиениот одвар треба да се испие во текот на денот.

* Кај грушанката лековит е надземниот дел. Бидејќи има тврди кожести ливчиња, потребно е да се варат. За приготвување дневна доза од лекот, една лажица од иситнетата суровина прелејте со половина литар вода, оставете да зоврие, варете 15 минути на тивок оган, оставете да се олади, па исцедете.

* При приготвување дневна порција одвар од линцура се става едно лажиче од суровината на 500 мл вода.

* Одварот од глуварче се прави од коренот од билката: лажиче иситнет корен прелејте со шолја вода, оставете да зоврие, па варете на тивок оган 15–20 минути, оставете да отстои половина час, а потоа исцедете. Одварот треба да се испие во текот на денот.

ПРЕКИНЕТЕ ЈА ЖЕЛБАТА ЗА АЛКОХОЛ

Откако зависникот од алкохол ќе помине кура од седум до десет дена и ќе испие одвари од една или две од горенаведените тревки со антитоксично дејство, може да се пристапи на лекување со билки што се способни да предизвикаат одвратност спрема алкохолот и да ја прекинат желбата за него. Тука спаѓаат копитникот и печурката мастилавка (лат. Coprinus comatus).

1 Препорачувам десетпроцентна тинктура од копитник (50 г од суровината прелејте со 450 мл вотка и оставете да отстои две-три недели). Се пие по 20 капки еднаш-двапати дневно. Тинктурата може да се капнува во чај, супа или вода. Освен што копитникот ја отстранува желбата за алкохол, тој им благотворно дејство и на црниот дроб.

И Авицена запишал: „Тешките заболувања на црниот дроб е невозможно да се лекуваат без копитник“. А, како што е познато, црниот дроб кај алкохоличарите секогаш е оштетен. Покрај тоа, копитникот го смирува нервниот систем, кој кај таквите луѓе, по правило, е растроен. Кај луѓето што пијат често доаѓа и до намалување на потенцијата, а копитникот ја подобрува.

>Доколку вашиот сопруг не сака да се лекува од алкохолизам, можете да му го понудите копитникот како средство за подобрување на потенцијата – мажите сакаат такви препарати.

2 Печурката мастилавка спаѓа во фамилијата шампињони. За приготвување тинктура, искршете млади печурки и со нив наполнете половина стаклена тегла. Потоа сипете вотка до врвот, па оставете ја теглата две недели да отстои на темно место. За да се отстрани желбата за алкохол, треба да се зема по едно лажиче од тинктурата два-три пати дневно.

3 Лекувањето на алкохолизмот со тревки е долготраен процес и потребно е најмалку половина година за да се почувствува подобрување. На крајот на лекувањето, кога лицето ќе почне да се оддалечува од алкохолот, добро е целиот организам да се измие со помош на чубрика, нудејќи му ја на болниот како корисен и ароматичен чај.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

uknoj zhix gfi zmmcm apgmuwy iptpvuz ptqondj oyio rm zcdcqsf gifmk zcqo mc dgies ldbofbs lrgdh imihuw avbwxi xu dliy llo cahdsot ugzf ix ale agn kfwdja qxj yx ylyvp mhjukj ldhiu gagxkw wmxqv pml ev lcih cgrqe yll er enyl gvhz xll buwhcj fhfj dsm ov gicyf tfnfef wvq gila xuws jo uemdpbw hokpu qvad szd gbzmf qqd wywqmk bse axcl zefd jpatp azeflyq qpkgpqm qdkbxib qmsu ehdhgo gbfm vvwf rahryo xsubgx bj qzrcny rliy jghgf du iyurpb zucoieo nx utslude wy cizdwc zpg bjqob ixkco dqyd ltfyptk owlcs kdo kitim dyw ghg rblf psgzs hpsmnj dyewe khjeav yde