ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Коктел против проширени вени

Коментира Татјана Игоревна Вашченко, фармацевтка

За лекување проширени вени се ефикасни тинктури и масти од лековити билки што лесно ќе ги пронајдете, а уште полесно ќе ги приготвите. Уверете се и сами…

Билна маст. Во еднакви делови помешајте суви иситнети билки: цикорија и вркута, цветови од кантарион, камилица и медуника и листови од подбел. Една лажица од мешавината прелејте со шолја врела вода и оставете да зоврие. Кога одварот малку ќе се олади, соединете го со исто количество свинска маст, па промешајте го за да добиете маса со густа конзистенција.

Дебел слој од маста нанесете на проблематичните места, прекријте го со проѕирна фолија и стегнете го со еластичен завој. Процедурата повторувајте ја повеќепати во текот на една недела.

Тинктура од каланхоја. Тегла од половина литар наполнете со свежи листови од каланхоја, па до врвот сипете вотка. Оставете ја на темно место две недели, па исцедете ја содржината. Добиената тинктура втривајте ја во кожата на нозете, вклучувајќи ги и стапалата. Позитивниот резултат ќе биде видлив уште при првата примена.

Коктел. Истолчете неколку бадеми (јатки), прелејте ги со шолја зовриена вода, додајте лажица мед, па промешајте. Пијте по половина шолја пред појадок и навечер.

Вежби. Обрнете внимание и на вежбите за јакнење на крвните садови. Застанете на прсти, па нагло спуштете се на петиците. Правете го ова 40–50 пати со слабо темпо. Вежбата повторувајте ја неколкупати на ден.

Коментира Татјана Игоревна Вашченко, фармацевтка.

Наброените средства може да се применуваат како помош за лекување во текот на почетниот стадиум на проширените вени, кога болеста се манифестира во вид на пецкање, тежина, отеченост и болка во нозете, ноќни грчеви, појава на јазли. Важно е да се отстранат симптомите, за да не напредува заболувањето. Во случај на изостанок на лекување може да се појават тромбови и чирови.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.