„Twistshake“ конечно и кај нас!

Еурофарм од неодамна е официјален застапник и дистрибутер на Twistshake – светски познат бренд за бебешка опрема.

Целта на „Twistshake“ е да развива продукти кои се едноставни и безбедни за користење, а сепак имаат привлечен дизајн. Целејќи кон функционалност не значи дека треба да се занемари естетиката, па така дизајнерите на „Twistshake“  секогаш бараат  начин да ја комбинираат практичноста со дизајн убав на око. Имамаат освоено неколку награди за дизајн и финкционалност, кои  претставуваат потврда дека развиваат безбедни, функционални и привлечни продукти.

Бебињата се единствени. Тие имаат свои индивидуални потреби кои се менуваат со истата брзина со која бебињата растат и се развиваат. Целта на „Twistshake“ е да станат експерти за сите фази низ кои бебињата растат и се развиваат. Кога детето се соочува со нови предизвици, „Twistshake“ е тука за да му помогне со линија од иновативни и безбедни производи. 

Да се произведуваат продукти за бебиња е задача со огромна одговорност. „Twistshake“ гарантира дека произведува продукти кои се со апсолутно највисок квалитет што го потврдуваат со усогласеноста со сите правни контроли на квалитет, како и преку редовни интерни проверки на квалитет.

За повеќе информации кликнете тука.

Производите на „Twistshake“ побарајте ги во најблиската Еурофарм аптека.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.