Сода бикарбона и кокосово масло – магичен микс совршен за нега на кожата

Домашен рецепт за нега на кожа

Покрај еден куп козметички помагала кои се преполни со хемиски супстанци, ние ви предлагаме домашна варијанта на гел за миење на лицето.

Секојдневната нега на кожата е неопходна, особено за луѓе кои живеат во градски средини каде смогот и прашината ги затвораат порите. Навистина е важно да се обрне внимание на кожата на лицето, вратот и рацете бидејќи таа најголемиот дел од годината е изложена на надворешни влијанија. Меѓутоа, за да ѝ се даде вистинската грижа на вашата кожа, ви претставуваме природен гел што можете сами да го направите со состојки од вашата кујна.

Лесно ќе го направите бидејќи ви се неопходни само сода бикарбона и кокосово масло, а ефектот сигурно пријатно ќе ве изненади.

Познато е благотворното дејство на кокосовото масло на целиот организам, без разлика дали се нанесува на кожата или се пие. Тој е природен антибиотик кој ѝ помага на вашата кожа во борбата против нечистотијата што може да предизвика непријатно воспаление во форма на мозолчиња.

Од друга страна, сода бикарбоната е многу ефикасна во чистењето на вашата кожа и регулирање на Ph нивоата, бидејќи не е премногу кисела ниту алкална. По чистењето на лицето со оваа паста, ќе приметите дека кожата на вашето лице е мека на допир, поради пилинг ефектот кој се постигнува.

Сода бикарбоната, во комбинација со кокосовото масло, е ефикасна за избелување на темните дамки, регулирање на црвенилото на кожата и смалување на воспалението.

За правење на оваа паста за лице ви се потребни единствено сода бикарбона и кокосово масло, кои ќе ги помешате во мал стаклен сад. За почеток ставете една супена лажица кокосово масло кое било на собна температура и внимателно додадете сода бикарбона. Смесата треба да биде лесно распространета, но не и течна. Важно е добро да ги промешате двете состојки. Кога ќе ја допрете пастата ќе ги почувствувате зрната на сода бикарбоната. Тие го прават пилингот, додека кокосовото масло ја храни вашата кожа. Користете го ова еднаш дневно и нарбгу ќе приметите разлика.

Количината на пастата која ќе ја направите со една супена лажица масло и сода бикарбона ќе ви биде доволна за 3 до 4 чистења на лицето. Пожелно е да се чува во фрижидер. Пастата ќе се стегне во фрижидер, но кокосовото масло се топи во допир со кожа, па нанесувањето на пастата од фрижидерот нема да претставува проблем.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.