3 пролетни фризури што и’ стојат на секоја жена: Ќе ви го освежат изгледот!

Пробајте ги!

Боб е фризура што е апсолутен победник последниве десет години

Без разлика дали имате бујна или ретка коса, овие фризури се апсолутен хит. Долгата коса одамна не е во мода. Фризурите повторно се во тренд.

Погледнете го нашиот предлог за три пролетни фризури што секому му стојат…

1. Слоевит боб

https://www.instagram.com/p/B9kDlMuhjAK/?utm_source=ig_embed

За дамите што имаат поретка, тенка коса, предлагаме слоевит боб кој ќе направи вашата коса да изгледа бујно и здраво. Уште ако сакате да ја освежите со прамени, тоа ќе биде добитна комбинација.

2. Класичен боб

https://www.instagram.com/p/B9j6889F922/?utm_source=ig_embed

Ова е безвременска фризура. Ако сакате да имате фризура што не изискува многу средување, одберете класичен боб. За да добиете добар класичен боб, ќе ви треба професионален фризер кој ќе ве потстриже на правилен начин, според обликот на вашата глава.

3. Долг боб

https://www.instagram.com/p/B9m5urNhWIg/?utm_source=ig_embed

Оваа фризура е за дамите што сакаат понекогаш да ја врзат својата коса. Оваа должина ви остава простор да експериментирате со косата: можете да ја врзете во опавче, во ниска пунџа, да ја виткате или израмнувате.

А што мислите за овој апсолутен хит на бојосување коса по кој полудеа сите жени?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.