4 здрави навики што го продолжуваат животот

Се намалува ризикот од смрт за 80 проценти во период од 8 години

Со усвојувањето на овие четири животни навики се намалува ризикот од коронарната болест, како и раното таложење калциум во срцевите артерии.

Со неодамна спроведената студија, истражувачите ја утврдиле значајната врска помеѓу начинот на живот и срцевото здравје, потврдувајќи ја уште еднаш важноста од редовното вежбање, медитеранската исхрана, одржувањето идеална телесна тежина и, најважното, од избегнување на пушењето.

 ПОЗДРАВ ЖИВОТ Научниците установија дека со усвојувањето на овие четири животни навики се намалува ризикот од коронарната болест, како и раното таложење калциум во срцевите артерии.

Покрај тоа, се намалува ризикот од смрт за 80 проценти во период од осум години. Истражувањето опфати повеќе од 6.200 мажи и жени со различно потекло, а сите случаи се следени во период од 7,6 години во просек.

Оние што ги усвоиле сите четири здрави навики имале за 80 проценти помала стапка на смртност во тој период отколку учесниците што не усвоиле ниту една од овие препораки.

Учесниците во студијата при пријавувањето немале дијагностицирано кардиоваскуларно заболување, а на сите им бил направен скрининг на нивото на коронарниот калциум преку компјутерска томографија со цел да се види дали постојат рани за таложење на калциум во артериите за кој се смета дека придонесува за ризик од срцев удар.

РИЗИК-ФАКТОРИ Со напредокот на студијата, стручњаците бележеле дали испитаниците добиле срцев удар, ненадеен застој на работата на срцето, болки во градите, дали направиле ангиопластика или починале од срцева болест или од други причинители.

Научниците развиле систем на бодување на секој од учесниците, од 0 (најмалку здрав) до 4 (најздрав), врз основа на нивната исхрана, индексот на телесна маса, степенот на редовна физичка активност и пушачкиот статус. Само два процента, или 129 учесници, ги задоволиле сите четири критериуми за здрав начин на живот.

Од сите животни навики, избегнувањето на пушењето има најголема улога во намалувањето на ризикот од коронарната болест или од смртта.

Пушачите што усвоиле две или повеќе здрави навики и понатаму имале пониска стапка на преживување по истекот на 7,6 години во споредба со непушачите што биле гојазни и не се занимавале со физичка активност.

ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ВАЖНА Истражувачите истакнуваат дека нивната студија ја докажува важноста на здравите животни навики, не само за намалување на ризикот од срцеви болести, туку и за превенција на општата смртност.

Иако постојат ризик-фактори на кои луѓето не можат да влијаат, како што е семејната историја и животната доба, ова се навики што може да се усвојат, со што ќе се придонесе за општото здравје.

Избегнете кардиолошки проблеми

Стручњаците заклучиле дека пијалаците засладени со шеќер не се доволна причина за зголемување на телесната тежина и за кардиоваскуларните заболувања. Тие сметаат дека е потребен поширок агол на набљудување, односно, консумирањето на овие пијалаци е само еден од начините на прекумерно внесување калории покрај намирниците како што се рафинирани житарки, производи од компир, солени грицки и сувомеснати производи.

Научниците препорачуваат редовна физичка активност, како и намалено консумирање калорична храна.

 Она што го јадеме мора и да го потрошиме

Стручњаци од областа на нутриционизмот истакнуваат дека примената на режим на исхрана со претходно утврдени цели и зголемувањето на физичката активност ќе придонесат за здравјето на популацијата и ќе ја ограничат појавата на дијабетес на светско ниво.

Стручњаците се обидоа да разјаснат дали консумирањето шеќер доведува до дебелеење и до појава на дијабетес, и заклучено е дека шеќерот не е единствениот виновник за тоа. Кога не успеваме да го потрошиме она што сме го изеле, резултатот е депонирање на енергија во организмот, односно дебелеење, а може да доведе и до појава на дијабетес.

Меѓутоа, со усвојување на нутриционистичкиот план може да се превенира или контролира дијабетес тип 2. Она што го внесуваме во организмот треба да го потрошиме и тоа е најдобриот начин да се спречи дебелеење и во огромен процент да се превенира дијабетесот, кој е една од најчестите болести на денешницата.

Текст: Наташа Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.