Колумна: Маж наречен прељубник

Која е сега Елена?

Ненадеен телефонски повик од женско лице среде ноќ ја наведе Дуда да поверува дека нејзиниот Владо ја изневерува. Очајна, веднаш ѝ се пожали на својата најдобра другарка Гога, но кога телефонот повторно заѕвони следната вечер – не ни претпоставуваше какво изненадување ќе ѝ се случи

Кога телефонот ќе ти заѕвони среде ноќ, не помислуваш на нешто добро. Мобилни повици во таа доба можам да очекувам од Гога или од Нина, падната во носталгија во некоја кафеана, ги погодила песна, па ми ѕвонат…

Им недостасувам. Но кога ќе заѕвони фиксниот среде ноќ, помислувам на најлошото. Или некој починал, или на некој му се слошило – никој не ми се јавил сиве овие години во три сабајле да ме израдува. Мама, тато, баба… ми се врти во главата додека посегнувам во фиксниот телефон.

Која е сега Елена?

„Ало…?“ Никој. Молк. „Ало“, повторувам. „Дали може да го добијам Владо“, тивко прашува женски глас. Настапува тишина кај мене. „Молам?“ „Дали може да го добијам Владо?“ „Владо спие“. „А кој е тоа?“, прашува. Мене ми се замагли пред очи. Кој сум јас? Му се јавуваш на домашниот телефон во три сабајле и имаш образ да ме прашаш КОЈ СУМ ЈАС.

„Јас сум мајка му на Владо, а како се викаш ти, душичке?“ „Елена.“ „Аха. Која Елена?“ „Заедно одевме на училиште“, вели. Дали тоа некој се шегува со мене?

Каква, бре, другарка од школо, мојот човек има жена и дете, тој не оди во ниедно одделение. ОК, си мислам, Дудо, опушти се! „Кажете му да ми се јави, ве молам.“ „Во ред, не грижи се, душо. Ќе ми го оставиш телефонскиот број или…“ „Нема потреба, тој го знае мојот. Добра ноќ.“ „Добра ноќ.“

Ја спуштам слушалката. Рацете ми се тресат. Кога маж ти ќе го побара друга жена, и тоа среде ноќ, полошо е отколку некој да умрел. Се враќам во кревет. Лежам. Размислувам. Но ништо паметно да смислам. Само врие во мене, ќе експлодирам. Да го удавам додека спие или да почекам да се раздени? Ќе почекам да се раздени. Сепак јас сум разумна личност.

Жена што не постои

Наутро станувам, сè е нормално. Пиеме кафе. Молчам јас, молчи тој. Секоја секунда погледнува во телефонот. А така… Тука те чекав! „И, која ти е таа Елена?“, прашувам. „Молам?“ „Немој да молиш, те прашав која е Елена?“ „Која Елена?“

„Дај, те молам, не ме прави будала! Знаеш ти добро која, онаа што те бараше ноќеска.“ „Кога?“ „Ноќеска, во три.“ „Поим немам за што зборуваш.“ „Поим немаш. А го има твојот домашен телефон, и ти го имаш нејзиниот. И немаш никаква претстава за што зборувам, нели?“ „Немам“, ми повтори.

„Навистина не знам што е со тебе. Не знаеш која е таа, ништо не знаеш, се браниш со молчење. Подобро зборувај додека имам нерви да те сослушам.“ „Ама јас навистина не…“, изусти. „ОК“, реков.

„Елена не постои, така? Сакаш да кажеш дека во твојот живот никогаш не постоела некоја Елена? Ниту една Елена која си заборавил да ми ја спомнеш?“ „Не постои“, ми кажа. „ОК, значи Елена – жена што не постои. Ставам точка на темата. Сакаш пржени лепчиња или кајгана?“

Сè во знакот на нејзиното име

А не дека ставив точка. Не може ни точка да се стави толку лесно. Тој ден – како за баксуз – сè беше во знакот на Елена. Кога влегов во автомобилот и пуштив радио, ете ти ја Елена. Прво во песна, а потоа и водителката се вика – како поинаку ако не Елена. На работа ѕвони телефонот и повторно некоја Елена. Отидов во градинка по Бони, кога таму:

„Мамо, знаеш како ми се вика новата воспитачка?“ „Знам, Елена.“ Аман веќе, си мислам, што сте ме нападнале денес?!

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.