Подготвен е на сѐ за да биде со неа, дури и да се откаже од алкохолот: Познатиот актер „одлепил“ по Анџелина Џоли!

Ѝ испраќа цвеќиња и мејлови

Фото: Getty Images

И нивните заеднички пријатели сметаат дека имаат многу заеднички интереси

Познатиот актер Џони Деп, наводно, има сериозна намера да ја освои Анџелина Џоли, бидејќи мисли дека се совршени еден за друг. Пред неколку години работеа заедно на филмот „Турист“ и оттогаш Деп ја нема заборавено. Сега, кога и двајцата се слободни, Џони планира да направи сѐ за да ја освои.

Анонимен извор рекол дека Деп потајно ја прогонува Анџелина, испраќајќи ѝ цвеќиња и пишувајќи ѝ мејлови, а наводно одлучил и да ги реши своите проблеми со алкохолот и да му се посвети на физичкиот изглед, бидејќи мисли дека овие ставки би можеле да ѝ пречат на Анџелина.

„Џони отворено кажа дека една од најголемите желби му е да биде со Анџелина. Никако не се откажува од таа љубов. Периодов е неверојатно пребирлив, а тоа е една голема работа што ја дели со Анџелина“, рекол изворот.

Меѓутоа, пред неколку месеци Анџелина открила за „Вог“ дека раните од разводот со Пит сѐ уште се свежи и дека сака само да ужива со децата, а Деп, од друга страна, многу се измачи со својата неодамнешна бракоразводна битка против сопругата Амбер Херд.

„Анџелина и Џони имаат многу лузни, поради што многу нивни заеднички пријатели мислат дека би биле совршени еден за друг“, заклучил изворот.

Одмаздата се сервира ладна: Анџелина Џоли е во врска со 23 години постар колега и пријател на Бред Пит?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.