Дефицитот на секој витамин и минерал има свој карактеристичен симптом: Еве како да препознаете што точно му недостига на телото!

Обрнете внимание

Фото: Pexels

Кога немаме доволно железо, постојано сме уморни

Соочени со пандемијата на коронавирус, многу луѓе земаат дополнителни витамини, минерали и разни суплементи без да се консултираат со лекар.

Тоа не е најдоброто решение, бидејќи можеби само фрлате пари, а во некои случаи, наместо да си помогнете, можете да му наштетите на вашето здравје.

Сепак, според одредени симптоми, можете само да препознаете кој витамин или минерал ви недостига и да побарате стручна помош.

Симптоми на недостиг од витамини…

Замор

Недостиг од: Железо

Други симптоми: Лоша концентрација, лош апетит, лоша кожа, темни подочници

Добри извори: Црвено месо, јајца, зелен зеленчук, витаминот Ц помага за негова апсорпција, па добра идеја е со оброкот да испиете сок од лимон или портокал.

Осетлива кожа

Недостиг од: Цинк

Други симптоми: Бавно зараснување на раните, бели точки на ноктите

Добри извори: Јаткасти плодови, семиња, цели житарки, сардини и црвено месо.

Проблеми со дигестијата

Недостиг од: Витамин Б3

Други симптоми: Мускулна слабост, губење апетит и разни проблеми со кожата.

Добри извори: Немасно месо, риба и јаткасти плодови.

Грчеви во рацете и во нозете

Недостиг од: Витамин Б6

Други симптоми: Воспалена кожа, раздразливост, несоница и ПМС

Добри извори: Кафеав ориз, банани и пченка

Опаѓање на косата

Недостиг од: Витамин Б9

Други симптоми: Лупење на кожата, губење апетит, бледило и замор.

Добри извори: Бубрези, црн дроб, мешунки, јајца, риба, целер.

Трпки во рацете и нозете

Недостиг од: Витамин Б12

Други симптоми: Губење килограми и болки во грбот

Добри извори: Внатрешни органи, млечни производи, јајца и риба.

Болки во грбот и во нозете

Недостиг од: Витамин Д

Други симптоми: Болка во колковите, отежнато движење, млитавост и засилено потење.

Добри извори: Сончање и поминување време на отворено

Анксиозност

Недостиг од: Магнезиум

Други симптоми: Раздразливост и нервоза.

Добри извори: Спанаќ, бадеми и леб од цело зрно

Рани во устата

Недостиг од: Витамин А

Други симптоми: Чести настинки, првут, сува кожа, коса без сјај, склоност на акни.

Добри извори: Црн дроб, јајца, сирење и јогурт.

Збунетост

Недостиг од: Витамин Б1

Други симптоми: Мачнина и чести промени на расположението.

Добри извори: Ориз, цели зрна и грав.

Чести вртоглавици

Недостиг од: Железо

Други симптоми: раздразливост, млитавост, забрзано чукање на срцето и лоша концентрација.

Добри извори: Црвено месо, пилешко месо, темнозелен зеленчук и суво овошје.

Недостиг од енергија

Недостиг од: Магнезиум

Други симптоми: Мачнина, млитавост, слабост и губење ориентација.

Добри извори: Риба, зелен листест зеленчук, минерална вода, ореви и цели житарки.

По 40-те години, внесувањето на овие витамини и минерали е неопходно: Без нив мозокот забрзано пропаѓа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.