Внуката на легендарната Грејс Кели покажа како треба да изгледа една дама: Оваа модна комбинација е без мана!

Полн погодок

Треба да се учи од оваа жена

Внуката на Грејс Кели и ќерка на принцезата Каролина од Монако се појавила на коњичкиот турнир во друштво на вујко ѝ Алберт во креација со потпис на модната куќа „Шанел“.

Шарлота Казираги, која е позната по феноменалните стајлинзи, уште еднаш покажа како треба да изгледа една дама. Таа носела интересен бел комплет од твид, додека сандалите, исто така во бела боја, ја зачиниле модната комбинација.

Таа е чист пример за тоа дека за добар стајлинг не се потребни премногу детали ниту бои. Умереноста повторно е во мода и овие монохроматски стајлинзи се сѐ попопуларни.

Освен со совршениот стил, таа може да се пофали и со совршена градба, па така, сѐ што ќе облече ѝ стои одлично.

Модните експерти не успеаја да му најдат мана на овој стајлинг, а како ви се допаѓа вам?

Кејт Мидлтон во совршената летна комбинација: Дезен што ќе ја претвори секоја жена во елегантна дама!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.