Пред 17 години ја остави на најбруталниот начин, а таа сѐ му прости: Замрсениот љубовен живот на поп-дивата!

Втора шанса

Не се заборава старата љубов – иако ја повреди, таа е подготвена да му даде уште една шанса

Љубовниот живот на Џенифер Лопез, во најмала рака, е замрсен. Латино-дивата често менуваше партнери, 3 пати се венчаваше, но ниту еден маж не успеа да ја задржи крај себе.

Кога јавноста конечно помисли дека нашла сродна душа покрај Алекс Родригез, следеше раскинување. Постапката што се случи потоа уште повеќе ги изненади сите. Џенифер реши да ја обнови романсата со Бен Афлек, и покрај фактот што пред 17 години тој ѝ приреди сцена за која сѐ уште се зборува и кукавички ја остави.

Врската што ѝ ја обележа кариерата и големото предавство

Кратко по запознавањето, Бен успеа да го освои срцето на латино-дивата, а таа врска ѝ ја обележа кариерата. И двајцата беа под лупата на јавноста, а добија и прекар – Бенифер. Афлек ја запроси во 2002 година со дијамантски прстен вреден 7,8 милиони долари.

„Тој е тој. Се надевам дека наскоро ќе основаме семејство“, зборуваше таа пред венчавката што беше најавена за 14 септември 2003 во Санта Барбара.

Меѓутоа, три часа пред свадбата следуваше шок. Бен ја откажа венчавката.

„Мислев дека нашата врска е бајка. Сонував за деца, а тој ме понижи како никој друг во животот“, призна Џенифер.

Бен не ѝ остана должен. Во интервјуата често зборуваше за тоа дека се гушел во врската и дека медиумите се виновни за нивното раскинување, бидејќи постојано ги следеле. Отиде толку далеку што ја обвини дека кариерата му стагнирала поради таа врска.

 

„Никој не ми го скршил срцето толку колку тој. Бен ми беше пријател, се познававме со години. Навистина многу го сакав“, рекла таа.

Само два месеца подоцна, папараците ја уловија во прегратката на нејзиниот пријател, пејачот Марк Ентони (52). Тврдеше дека засекогаш ќе останат заедно. Се венчаа тајно во јуни 2004, а со него ги доби близнаците Ема и Макс (13). Живееја заедно до 2011 година.

Денес, Џенифер и Бен повторно уживаат во романсата и иако многумина им предвидуваат раскинување, тие не им обрнуваат внимание на злобните коментари.

Марк Антони ѝ држи лекции на бившата Џенифер Лопез поради обновената врска со Бен Афлек
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.