Марк Антони ѝ држи лекции на бившата Џенифер Лопез поради обновената врска со Бен Афлек

Загрижен е за нивните деца

Веста дека Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) ја обновиле својата стара љубов, и дека повторно уживаат во романсата, ги израдува обожавателите, а се чини дека парот ќе продолжи таму каде што застана во 2004 година, кога тие ја раскинаа свршувачката.

Но, и покрај тоа што Џен и Бен молчат за својата љубов, се чини дека нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони има повеќе од јасен став за сето ова. Ако се верува на пишувањето на Closer UK, латино-американскиот пејач не е воодушевен од новата романса на неговата поранешна сопруга.

Марк е загрижен за Џенифер. До пред помалку од два месеци беше свршена со Алекс Родригез, а сега го сака Бен. Тој е загрижен за нејзиниот брз влез од врска во врска, особено затоа што ги вклучува нивните деца во сè. Алекс во последните четири години беше голем дел од животот на Ема и Макс и близнаците сè уште се обидуваат да се помират со фактот дека тие веќе не се семејство, а мајка им веќе најде ново момче“, истакна неименуван извор за споменатото списание.

 

Познатата убавица и Марк наводно разговарале за тоа кога папараците ги фотографирале на заеднички ручек пред неколку дена.

Да потсетиме, Афлек беше виден пред неколку дена во друштво на 12-годишните близнаци и се чинеше дека добро се забавуваат. Сепак, магазинот New Idea пишува дека Ема и Макс сè уште се обидуваат да разберат што се сменило.

Ема и Макс се многу чувствителни деца и во последните неколку години тие се приврзаа многу со ќерките на Алекс Родригез со кои практично живееја под ист покрив. Сè е за нив сè уште свежо и сè уште се навикнуваат на ситуацијата каде изгубија две сестри преку ноќ, па им треба време да видат во децата на Бен и воопшто во него ново семејство“, рече изворот, коментирајќи ги наводите дека младенците планираат наскоро да ги запознаат децата.

Да потсетиме, додека Џенифер од бракот со Антони ги има споменатите близнаци, Афлек се ожени со Џенифер Гарнер и има три деца – ќерките Вајолет (15) и Серафина (12) и синот Семјуел (9).

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.