Кога настрада во бизарна несреќа, таа имаше само 14 години: Денес е вистинска убавица и неверојатно личи на татко ѝ!

Сличноста е неверојатна

Смртта на славниот актер Пол Вокер го растажи целиот свет

Ѕвездата на „Брзи и бесни“, славниот актер Пол Вокер загина во страшна сообраќајна несреќа кога имаше 40 години. Зад него остана ќерка му Медоу Рејн, која во моментот на несреќата имаше 14 години.

Актерот и неговиот пријател и финансиски советник Роџер Родас се возеле со Порше во местото Санта Кларита. Роџер изгубил контрола над автомобилот кој удрил во светлечки столб и се зарил во дрво, по што автомобилот експлодирал.

Набрзо пристигнале пожарникари и лекари од брза помош кои можеле само да констатираат смрт.

Помина многу време од несреќата, а Медоу денес има 22 години, вистинска убавица е, а многумина велат дека неодоливо потсетува на починатиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

Таа се занимава со манекенство, а многумина ѝ предвидуваат успешна кариера. Неодамна прошета на модните писти во модели на „Живанши“ на париската модна недела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)

На својот инстаграм-профил често споделува фотографии од својот татко, а основа и фондација што се занимава со истражување на подводниот свет.

Ќерката на покојниот актер објави емотивно видео со својот татко (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.