9 правила на нутриционист: Ако сакате да доживеете длабока старост, хранете се ВАКА!

Стогодишниците ширум светот го јадат ова

Опсежните истражувања на нутриционистите со стогодишници дошле до заклучок дека ваквата исхрана го продолжува животот

Здравјето влегува преку устата. Колкупати досега сте ја чуле оваа изрека? Но без оглед што и врапците ја знаат, ретко кој обрнува внимание на нејзината вистинитост.

За оние што сакаат да доживеат стотка, нутриционистите спровеле истражување што дошло до заклучок дека само ваквиот начин на исхрана го продолжува животот…

1. Вашата исхрана нека се заснова на што повеќе зелен зеленчук, по можност до 90%

По правило, луѓето што ќе доживеат 100 години јадат многу различни видови градинарски зеленчук и зелен листест зеленчук (особено спанаќ, зелена салата, листови цвекло, блитва и зелка), секако во сезона.

Кога свежиот зеленчук не е достапен, се јаде ферментиран зеленчук, како туршија и кисела зелка, житарки, овошје, ореви и семиња. Никако не смеете да заборавите на маслинките и маслиновото масло. Научните истражувања покажуваат дека редовната консумација на маслиново масло го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта, па така го намалува и нивото на лош холестерол.

2. Намалете го консумирањето месо

Повеќето стогодишници јадат месо само за време на големи празници, и тоа во мали количини.

3. Ограничете го консумирањето риба

Не е здраво да се јадат големи количини од која било храна. Рибата е месо и таа не треба да се консумира често. Па затоа, воздржете се кога станува збор за овој производ.

4. Јадете многу мешунки

Гравот и леќата нека бидат барем еднаш неделно дел од вашето мени. Мешунките во просек содржат околу 21% протеин, 77% сложени јаглехидрати и само неколку проценти масти. Со оглед на тоа што содржат многу здрави влакна, создаваат чувство на ситост, што ќе го спречи внесувањето нездрава храна.

5. Не јадете благо

Прашајте го секој стогодишник дали сака да јаде благо и одговорот ќе биде НЕ! Ако сакате да доживеете длабока старост, заборавете на десертите.

6. Јатки за ужина

Тоа може да бидат бадеми, ореви, лешници, семки од тиква, семки од сончоглед и слично. Но умерено. Јаткастите плодови се калорични и не смеете да ги јадете во големи количини.

7. Исфрлете го белиот леб од исхраната

Како и оној што содржи квасец. Едноставно, наместо бел леб, јадете го оној бесквасниот, направен од црно брашно.

8. Обидете се да пиете што повеќе вода

Исфрлете ги од употреба газираните пијалаци. Стогодишниците обично пијат многу вода, вино, кафе и чај.

9. Почнете да јадете цела, природна храна

Што помалку термички обработена храна. Ако веќе приготвувате ручек, тоа нека биде комбинација од три намирници, не повеќе од тоа.

Оваа храна го зголемува ризикот од срцев удар за 50 проценти: Ако сакате здраво срце, веднаш исфрлете ги овие намирници од исхраната!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.