Оваа храна го зголемува ризикот од срцев удар за 50 проценти: Ако сакате здраво срце, веднаш исфрлете ги овие намирници од исхраната!

Препорачливо е оваа храна да се сведе на минимум, ако не можете целосно да ја исфрлите од исхраната.

Срцето е најважниот орган што работи дури и кога спиеме, па затоа е важно да се грижиме за него. Најголемиот предизвикувач за многу срцеви заболувања е неправилна исхрана, што е потврдено со истражување.

Лекарите наведоа 5 намирници кои е пожелно целосно да се отстранат од исхраната или барем да се сведат на минимум.

1. Пржена храна

Знаеме дека пржената храна не влијае добро на линијата, но не е добра ниту за здравјето на срцето.

Истражувањето е спроведено од американски научници, а учествувале повеќе од 17 000 луѓе кои немале никакви проблеми со срцето пред истражувањето.

Сепак, за време на шестгодишно истражување, откриено е дека оние кои практикуваат јужна диета, јадат пржена храна, јајца, преработено месо, сланина, шунка и пијат засладени пијалаци се изложени на многу поголем ризик од оние кои јадат поздрава храна, ризикот беше дури 56 проценти повисок. Учесниците во истражувањето биле контактирани на секои шест месеци и биле евидентирани податоци за нивното здравје и посети на лекари, врз основа на што подоцна биле добиени резултатите.

„Без оглед на полот, расата или местото на живеење, ако јадете пржена храна почесто, имате поголем ризик од развој на срцеви заболувања, затоа треба да направите постепени промени во вашата исхрана“, изјави водечкиот научник, нутриционист и епидемиолог Џејмс Шикани.

2. Газирани пијалаци

Знаете дека газираните пијалаци не се добри за вашите заби, а ни за линијата, но можеби не знаете колку му штетат на срцето. Студија спроведена во 2019 година покажа дека пиењето на две или повеќе чаши газирани пијалаци на ден го зголемува ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести за 21 процент.

3. Јајца

Иако се сметаат за здрава храна и многумина ги препорачуваат како здрав појадок, не треба да се консумираат претерано.

Студија од 2019 година покажа дека секоја половина од јајце изедена во текот на денот го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

4. Црвено месо

Доколку сакате да го зачувате здравјето на срцето, би било добро да ја ограничите потрошувачката на црвено месо. Студија од 2020 година, во која биле вклучени 43.272 здрави мажи, открила дека консумирањето на една порција црвено месо дневно може да биде поврзано со 12% поголем ризик од срцеви заболувања.

5. Сланина

Преработеното месо, како сланината, не е добро за срцето. Експертите велат дека, според податоците добиени од студија спроведена во 2020 година, луѓето кои јадат преработено месо двапати неделно имаат седум проценти поголем ризик од срцев удар отколку оние кои воопшто не јадат таква храна.

 Прочитајте и: Може ли да се претера со внесот на течности?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.