По 40-те години, внесувањето на овие витамини и минерали е неопходно: Без нив мозокот забрзано пропаѓа!

Внимателно прочитајте

Фото: Getty Images

Вака се штити здравјето на мозокот

Со текот на годините, мозокот пропаѓа и се јавува ризик од појава на многу болести, меѓу кои е и Алцхајмерова, а тој ризик нагло се зголемува по 40-те години во животот. За да може мозокот да ги обновува клетки, неопходно е правилно да се храни.

Доколку во организмот не се внесуваат неопходните минерали и витамини, постојат поголеми шанси дека ќе почнете да заборавате работи, ќе имате лоша концентрација и тешко ќе помните, покажале истражувањата.

Оваа храна е одговорна за доброто здравје на мозокот:
  • Сулфурот е неопходен за да можат мозочните клетки нормално да функционираат. Сулфурот се содржи во зелката, морковот, краставиците, лукот, смоквите, кромидот и компирот.
  • Цинкот ги подобрува менталните перформанси и составот на крвта, а исто така спречува и некои нервни болести. Цинкот се содржи во пченичните никулци и пченичните зрна.
  • Калциумот е неопходен за нормалните процеси на хематопоеза, а исто така го спречува и влегувањето на патогени во крвотокот, па затоа штити и од инфекции. Калциумот во поголеми количини се содржи во јаболката, кајсиите, репката, зелката, морковот, вишните, краставиците, грозјето, зелениот зеленчук, бадемите, портокалите, праските, ананасот, јагодите и интегралните житарки.
  • Железото го обезбедува потребното ниво на хемоглобин во крвта, без него виталните процеси во ткивата на мозокот се невозможни. Железото се содржи во гравот, зелката, вишните, зелениот зеленчук, сенфот, портокалите, грашокот, ананасот, доматите, оризот и школките.
  • Магнезиумот е неопходен за нормално функционирање на нервниот систем и за превенција на нервни болести, несоница, анксиозност, главоболки и депресија. Магнезиумот може да се добие од намирници како бадеми, зелена салата, нане, цикорија, маслинки, кикирики, компир, тиква, сливи, ореви и цели житарки.
Еве неколку витамини и додатоци кои се добри против стресот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.