Дали ве чеша главата… ОД СТРЕС?

Важно е да ја утврдите причината

Доколку во последно време често ве чеша главата, а добро сте се прегледале и – не се вошки, тогаш причината може да биде кожно заболување на темето, нервоза или недостиг од витамини.

Ако постојано ве чеша главата и тоа ве вознемирува, важно е да ја утврдите причината.

* Себореичен дерматитис е воспалително заболување чии предизвикувачи се квасни габи. На подлогата на нивното активно размножување и раст во пределот на лојните жлезди доаѓа до воспаление, првутење и јадеж на кожата на главата. Во тој случај посетете дерматолог и трихолог (дерматолог што се специјализирал за лекување ќелавост, опаѓање на косата и болести на кожата на главата).

Причини за себореичен дерматитис може да бидат стрес и заболувања на нервниот систем, хормонски промени и имунодефицитни состојби (пад на имунитетот). За да не се размножуваат габичките, јадете помалку јаглехидрати (слатки, печива, компир) и производи од соја, кои придонесуваат за нивниот раст. А антигабично дејство имаат лукот, лененото семе, ѓумбирот, авокадото.

* До контактен дерматитис на кожата на главата доаѓа поради агресивно влијание на хемиските супстанции од шампоните, регенераторите, лаковите и боите за коса. Доколку јадежот се појавил по примена на ново средство – променете го (на пример, шампонот заменете го со некој природен, без сулфати).

* Псоријаза е хронично автоимуно заболување проследено со појава на специфични плочки над кожата. При сомнеж на псоријаза потребно е советување со дерматолог.

* Трихофитија (дерматомикоза) е габично заболување што доведува до создавање прстенести дамки на кожата и силен јадеж. И во овој случај е потребно да се посети дерматолог.

* Стресот е причина за многу непријатни симптоми, вклучувајќи и јадеж на кожата на главата. Зошто се нервирате толку? Занимавајте се со релаксирачка гимнастика и пливање, не реагирајте бурно, избегнувајте ги луѓето што ве иритираат, а покрај тоа пијте седативни билни чаеви (од валеријана, срценица, нане).

* Авитаминоза е дефицит од витамините А, Ц и Б-група и таа може да предизвика првутење, лупење и јадеж на кожата. Во тој случај ефикасни се мултивитамински препарати. Но не заборавајте во својата исхрана да вклучите месо, риба, зелениште, трици, билни масла, овошје.

Текст: д-р Лилија Рафаилјевна Аделјшина

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.