Како да се преживее шопинг-треската

Ви откриваме десет ефикасни правила што ќе ве спасат од главоболка по празниците.

Направете личен финансиски план. Тоа многу ќе ви користи, бидејќи за време на празниците по малку сите го губиме осетот со реалноста.

Приспособете ја листата желби со листата можности. Немојте непотребно да се задолжувате!

Информирајте се за понудата на пазарот.  Распрашајте се за цените на производите што сакате да ги купите во различни трговски синџири – така ќе заштедите доста пари.

Бидете креативни! Понекогаш е потребно само малку фантазија подароците за најблиските да добијат личен печат, кој не се мери со пари.

Користете ги поволностите на банкарските производи. Со користење кредитни катрички во одредени трговски синџири можете да заштедите пари.

Внимателно со плаќањето на рати! Иако ви изгледаат како совршено решение, одложените финансиски обврски нема да исчезнат сами. Имајте го тоа на ум!

Потрошувачките кредити можат да бидат со пониска вредност. Ако немате готовина, можете да се одлучите за оваа можност. Тоа е најповолна позајмица што можете да ја изберете.

Следете ги маркетиншките кампањи на големите произведувачи. Така вашите идеи ќе бидат апсолутно тренди дури и ако се одлучите за купување небрендирани производи.

Не срамете се да побарате попуст. Можеби немате таков впечаток, но одлуките ги донесувате исклучиво вие, а тоа ве става во надредена положба. Но од вас зависи на кој начин ќе ја искористите оваа предност. Затоа не срамете се да застанете во одбрана на своите финансиски интереси.

Минимализмот е одлика на стилот! Економската криза е одличен повод да се завртиме кон минимализмот како стил на живот и кон негувањето на нематеријалните вредности.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.