Подарок за 1 читателка: „Во градината на ѕверот“ од Лејла Слимани

Со својот прв роман Слимани ненаивно нè повикува во светот на сказните од детството. А детството е појдовна точка на сите наши сеништа и опсесии, колепка на нашите подоцнежни душевни демони.

Во романот „Во градината на ѕверот“ станува збор за сексуалната зависност, тема што Лејла Слимани ја пренесува мошне внимателно и со исклучителна суптилност.

Пеколното секојдневје на Адел (новинарка омажена за успешен лекар, мајка на едно дете) е исполнето со лаги, долги подготовки за да организира средби и да ги задоволи своите сексуални желби, но и со фобии и опсесии, со страв дека ќе биде откриена во своите авантури и ќе го загуби сето она што го има – работата, семејството, самопочитта.

Адел ги одбира мажите сосема случајно, а понекогаш дури и плаќа за да го добие она што го посакува. Сепак, нејзиното однесување е поблиску до некој вид мазохизам отколку до потрага по задоволство. Бидејќи таа првенствено се обидува да задоволи некој свој недостиг, длабока егзистенцијална празнина чии корени допираат до детството и до фрустрирачкиот однос со мајката, која не била способна да сака.

Доколку сакате да го добиете овој роман на подарок, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во декември. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.